Во периодот од 7-9 мај, истакнатиот експерт во областа на безбедноста во сообраќајот, проф.д-р Ралф Рисер од Австрија, во рамките на проектот на АМСМ „Со велосипед на пат низ целиот град“, одржа обука на тема „Однесувањето на возачите за поголема безбедност на велосипедистите во сообраќајот“.
Обуката беше примарно наменета за инструкторите од Авто Школа Мобилити, но на неа присуствуваа и претставници од сите институции и организации, партнери во проектот.
Посетата на професорот се покажа интересна и за медиумите, па како тие информираа за обуката, прочитајте подолу.
Утрински весник: Пешаците и велосипедистите ранлива категорија во сообраќајот
Вечер: Сообраќаен експерт ќе предава на инструктори од автошкола
Утрински весник: Предавања за безбедноста на велосипедистите
tocka.com.mk: 5 минути со Росана Јанков – портпарол на АМСМ