НОВООТВОРЕН СЕРВИС ЗА ВЕЛОСИПЕДИ

31/05/2022

Со цел да одговориме на барањата на различните и алтернативните начини на превоз, со посебен акцент на велосипедите како собено популарен начин на градски транспорт, отсега во рамките на АМСМ Скопје-Центар функционира нов сервис за велосипеди.

Сервисот за велосипеди располага со квалификувани и искусни вработени, а во него можете да ги користите следниве сервисни услуги за сите видови и брендови на велосипеди:

  • Комплетен сервис
  • Основен сервис
  • Замена на стем
  • Замена на волан
  • Замена на вилушка
  • Замена на касета/запчаник
  • Замена на кочница со штелување
  • Замена на менувач со штелување
  • Поправка на предна осовина
  • Поправка на задна осовина
  • Поправка/промена на средна осовина
  • Замена на погон
  • Замена на течност во кочница
  • Центрирање тркало
  • Плетење тркало
  • Подесување брзини
  • Подесување кочници
  • Замена на ланец

Сервисот за велосипеди работи од 08:00-21:00ч од понеделник до петок и од 09:00-15:00ч во сабота.

Со АМСМ ВЕЛО членската картичка, добивате 20% попуст на сервисирање на велосипед. АМСМ ВЕЛО членска картичка можете да извадите онлајн тука.

 

Повеќе информации 02/3181-133

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping