Идејата на оваа статија е да поразговараме со вработените малку поинаку…неформално…интересно…

Честа во овој број на АМСМ Мегафон ја имаат Жарко Јованоски и Виолета Панчевска од Мобилити Брокер.

АМСМ МЕГАФОН:: Како го помина минатиот викенд?

Жаре: Малку шетање со оглед на временските прилики, читање книга, гледање филм, вечерно излегување и  дружење со пријатели. 

Вики: Деновите во викендот ми започнуваат многу вообичаено. Спијам малку повеќе од секој работен ден, но не премногу. Сабота за мене е ден за средување на домашни обврски (чистење, перење, смукање, џогирање и спремање ручек и десерт по желба на моите деца), а недела е ден за одмор , шетање во природа и завршување на школските обврски кој што им се зададени на децата…

АМСМ МЕГАФОН:::Што те донесе во АМСМ? Што работеше претходно?

Жаре: Одлуката да ја прифатам понудата, при што пресуден беше ставот за стабилност на компанијата во секторот осигурување во кој работев и претходно.

Вики: Откако знам за себе АМСМ била една од најуспешните фирми во Македонија. Потајно се надевав дека и јас еден ден ќе бидам дел од оваа фирма и навистина мојата желба се оствари. Ова е фирма во која имам можност да напредувам и да ги реализирам своите идеи, воедно моја  долгорочна цел е да бидам дел од фирма каде ќе можам да учам да преземам дополнителни одговорности и да придонесам за вредностите на фирмата. Токму затоа, ми се допаѓа што АМСМ посветува посебно внимание на развојот на вработените.  

Претходно работев во 2  осигурителни компании (Триглав и Винер Осигурување ) и на двете места по 6 години-одлично искуство…

АМСМ МЕГАФОН:::Каква личност има тенденција да биде најсреќна овде во АМСМ?

Жаре: Среќата според мене е лично чувство и зависи од приоритетите на секоја личност и начинот на гледање на работите.

Вики:  Личност која сака да има предизвици, која што сака да соработува со тимот и да постигнуваат заеднички успеси

АМСМ МЕГАФОН::Со кого го пиеш утринското кафе?

Жаре: Утринското кафе до пола го пијам сам пред да тргнам на работа кога мислите ги ставам на “авто пилот”, останатата половина ја пијам кога ќе се вратам од работа.

Вики:  Утринското кафе го пијам со мојот прв комшија од авто школата Марјан Денкович, бидејќи мојот цимер (Адријана) не пие кафе.

АМСМ МЕГАФОН::Од кога си во АМСМ?

Жаре: Нецели три години

Вики: Во АМСМ сум 8 години.

АМСМ МЕГАФОН:: Кажи виц?

Жаре: Не ми текнува во моментов. Иако и од вицовите може нешто да се научи.

Вики:  Две охриѓанки глумат србинки во Охрид на плажа, едната вели. Јелена, доџи да се купамо. Другата: Не могу ма, ме дупет камењава…

 

  

АМСМ МЕГАФОН::Опиши една пријатна/непријатна ситуација од претходната недела 

Жаре: Фокусот ми е на пријатни ситуации и нема некоја која посебно би ја издвоил од минатата недела која отстапува од вообичаениот начин на дејствување. Доколку имало некоја непријатна ситуација или не сум и посветил внимание, сум ја заборавил или занемарил.

Вики:  Идејќи на паркинг не можев да влезам во возилото бидејки се паркирало возило многу блиску до вратата…

АМСМ МЕГАФОН:: На што си посебно горд/а? 

Жаре: На постигнатиот интегритет како личност,  thinking “out of the box”, постојаната желба за надоградување, исполнетоста на животот со убави моменти со семејството, пријателите, патувањата.

Вики:  Иако е специфична работата што ја работам сеуште учам и правилно ги реализирам своите обврски, секогаш подготвена  да го пренесувам своето знаење на останатите од мојот тим и затоа  горда сум на успехот кој што го постигнуваме заедно секојдневно.

АМСМ МЕГАФОН:: Како се справуваш со конфликтни ситуации?

Жаре: По природа не сум конфликтна личност и доколку се јави таква ситуација во скоро сите ситуации е предизвикана од друга личност/и, тогаш правам анализа на ситуацијата и соодветно одговарам или не одговарам во моментот. Според мене конфликтните ситуации се губење на време.

Вики:  Смирено, секогаш во себе бројам до 10 …. размислувајки како да се реши проблемот.

АМСМ МЕГАФОН:: Совет за помладите колеги…

Жаре: Постојано да учат, да се усовршуваат, секогаш да бидат трпеливи, колегијални, повеќе да се базираат на факти, а не на претпоставки.

Вики: Секогаш газете цврсто, почитувајќи ги другите околу себе и размислувајте како да постигнувате успеси на секое поле.

АМСМ МЕГАФОН:: Опиши го својот претпоставен со еден збор 

Жаре: Кооперативен.

Вики:  Лидер.

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping