Идејата на оваа статија е да поразговараме со вработените малку поинаку…неформално…интересно…
Овој пат си поразговаравме со девојките од сметководство кои се од неодамна во АМСМ…
Александра Тасева – овластен сметководител
Александра Алкуда – финансов сметководител
Јасминка Аспровска – финансов сметководител
АМСМ МЕГАФОН:: Како го помина минатиот викенд?
Александра Т.: Супер, бев на викенд во мојата Струмица 🙂
Александара А.: Викендот на излет покрај езерце добро друштво и скаричка.
Јасминка: Бев во с.Владимирово. Таму сум родена и таму живеат моете родители.
АМСМ МЕГАФОН:::Што те донесе во АМСМ? Што работеше претходно?
Александра Т.: Еден оглас на вработување, претходно работев исто во друга дејност.
Александара А.: Во АМСМ ме донесе оглас за вработување. Претходно во сметководствено биро.
Јасминка: Бидејќи сум сметководител и порано работев како сметководител го прочитав огласот за работа и се пријавив.
АМСМ МЕГАФОН::Опиши пола ден од работната атмосфера?
Александра Т.: Работа и само работа.
Александара А.: Пријатна и ведра атмосфера.
Јасминка: Нашата работа е книжење на документи и скоро цел ден ни поминува во разгледување и книжење на документи.
АМСМ МЕГАФОН:Со кого го пиеш утринското кафе?
Александра Т.: Со колешките од канцеларија.
Александара А.: Утринското кафе го пијам најчесто со колешките или со мојот сопруг.
Јасминка: Сама на работното биро.
АМСМ МЕГАФОН::Кои се твоите очекувања во АМСМ?
Александра Т.: Да се надградувам себеси.
Александара А.: Имам можност да учам да напредувам во кариерата.
Јасминка: Успешна работа и пријатна работна атмосвера.
АМСМ МЕГАФОН:: Кажи виц?
Александра Т.: Отишол Цветко во полициска станица целиот истепан со модрици и го прашуваат
-Кој те истепа така бе?
-Жена ми
-А зошто?
-Па ме праша што има на телевизија, а јас и реков дека има прашина.
Александара А.: Ивица и банкарот, на шалтер во банка:
-Банкарот:5465,00 денари.
-Ивица: Понудата не важи, банкару.
-Банкарот: Дечко, плаќаш рата од кредит, не си кај Лила, прибери се.
Јасминка: Стои маж и неговата жана Ружа на постројка и чекаат автобус. Доаѓа автобусот, се качува мажот и го прашува возачот: ДАЛИ ЗА ЦВЕЌЕ Е БЕСПЛАТНО. Возачот му вели: ДА
Мажот се врти накај жената и и вели: ВЛЕГУВАЈ РУЖО ЗА ТЕБЕ Е БЕСПЛАТНО.

АМСМ МЕГАФОН::Опиши една пријатна/непријатна ситуација
Александра Т.: Пријатни ги има многу, непријатните се трудам да ги заборавам.
Александара А.: Пријатни секогаш има, непријатна во моментов не ми текнува.
Јасминка: Кога се договоривме да почнам со работа се разболев, качив температура но ми беше непријатно да кажам и цела недела одев на работа со температура. Нова средина и болна ми беше многу тешко.
АМСМ МЕГАФОН:: На што си посебно горд/а?
Александра Т.: Горда сум на се што сум постигнала до сега, како на приватен така и на професонален план.
Александара А.: Горда сум на себе и на најблиските кои ми даваат поддршка.
Јасминка: На моето семејство и на хармонијата што ја имаме.
АМСМ МЕГАФОН:: Како се справуваш со конфликтни ситуации?
Александра Т.: По природа сум смирена и ретко влегувам во конфликт, и кога има пробувам да ги решавам на мирен начин.
Александара А.: Конфликтни ситуации гледам да ги избегнувам.
Јасминка: Се трудам да ги одбегнам.
АМСМ МЕГАФОН:: Кој совет го доби од колегите вториот ден на работа…:)
Александра Т.: Советите ми ги дадоа уште првиот ден, за вториот не се сеќавам 🙂
Александара А.: Прашувај повеќе 🙂 🙂 🙂
Јасминка: Не се сеќавам или не се секирај ќе се навикнеш.
АМСМ МЕГАФОН:: Опиши го својот претпоставен со еден збор:
Александра Т.: Посветен.
Александара А.: Коректен.
Јасминка: Успешна и силна жена.