Идејата на оваа статија е да поразговараме со вработените малку поинаку…неформално…интересно…
Овој пат си поразговаравме со Ели и Ане…
Елена Неделкоска-Раководител на работилница за аналогни и дигитални тахографи и таксаметри во АМСМ Услуги Центар за возила- Скопје
Анета Трифуновска-Администратор во АМСМ Услуги СТП – Скопје
АМСМ МЕГАФОН:: Како го помина минатиот викенд?
Ели: Работно со мојот син 🙂
Ане: Со моите момци (Наум и Теодор) во парк шумата Гази Баба на еден одличен настан за одбележување на денот на Европа.
АМСМ МЕГАФОН:::Што те донесе во АМСМ? Што работеше претходно?
Ели: Желбата да влезам во ова семејство и насоките од моето образование. После студии почнав со работа во АМСМ
Ане:Tука ме донесе еден оглас на vrabotuvanje.com
АМСМ МЕГАФОН:::Каква личност има тенденција да биде најсреќна овде во АМСМ?
Ели: Упорни но само доколку имаат силно чуство на припадност. Главно да не се повлекуваат за своите идеи па колку и да се нереални.
Ане: Па најверојатно личност која лесно може да се прилагоди на секоја нова ситуација, да сака да учи нови работи и нормално да е лојален на фирмата
АМСМ МЕГАФОН::Со кого го пиеш утринското кафе?
Ели: Со колегите во Чаир
Ане: Утринското кафе секогаш го пијам сама, станувам многу рано и најчесто така си правам планови за работите што треба да ги завршам во текот на денот
АМСМ МЕГАФОН::Од кога си во АМСМ?
Ели: Од 1ви Април 2010 год 🙂
Ане: Од 28.08.2008 година.
АМСМ МЕГАФОН:: Кажи виц?
Ели: Полицаец и приоѓа на жена што вади пари од банкомат:
-Колата паркирана на пешачки, ваша ли е?
-Да.
-Извадете плус 50 евра…
Ане:Жена што не се шминка е многу страшна работа, гледај…
– Ми покажуваш слика од испашена мачка.
– Жена ми ја сликаше …

АМСМ МЕГАФОН::Опиши една пријатна/непријатна ситуација од претходната недела
Ели: Пријатната секогаш на прво место/ Добив благодарност од лик кој многу ми значеше неговото мислење. Непријатна – па незнам… , како да кажам кога не ги регистрирам НЕПРИЈАТНОСТИТЕ xaxaxa
Ане: Ништо посебно, стандард недела.
АМСМ МЕГАФОН:: На што си посебно горд/а?
Ели: Имам три нешта кои ме движат. Горда сум на моето семејство, Се гордеам со тоа што работам тоа што сакам, но само едно ме храни, тоа е мојот Филип.
Ане: Уффф, кај сега ова прашање, ќе се распишувам ептен 🙂 на многу работи, а посебно гордо ја носам титулата МАМА.
АМСМ МЕГАФОН:: Како се справуваш со конфликтни ситуации?
Ели: Зависи ситуација. Но на вагата ја ставам помислата дека јас сум тука да направам баланс и нема да се спуштам на таа скала. Држам да не допирам до ниските вибрации. Да не се лажеме, секако внатрешно сум вознемирена.
Ане: Не влегувам во конфликти, не е мој стил… 🙂 ги оставам другите да мислат дека се во право
АМСМ МЕГАФОН:: Совет за помладите колеги…
Ели: Да работат со љубов, кога сте навистина задоволни од она што го правите, како и од развојот на вашата кариера, не ја гледате кариерата на другите и не се споредувате со нив постојано. Најважно да се истрајни и сигурни во себе.
Ане:Да не ветуваат нешто што не можат да исполнат.
АМСМ МЕГАФОН:: Опиши го својот претпоставен со еден збор:
Ели: Упорен.
Ане: Фер.