Идејата на оваа статија е да поразговараме со вработените малку поинаку…неформално…интересно…
Се напивме по едно кафенце со драгите колешки од АМСМ Велес, секоја пофалба за нивната позитивна енергија…
Христина Јовановска, референт за технички преглед во АМСМ Велес
Благица Игнова, брокер во АМСМ Велес
АМСМ МЕГАФОН:: Како го помина минатиот викенд?
Христина: Прилично добро
Благица: Не сетив кога помина
АМСМ МЕГАФОН:::Што те донесе во АМСМ? Што работеше претходно?
Христина: Пријател 🙂 Слободен уметник
Благица: Препорака на колеги сега вработени во АМСМ, со кои претходно работев – прекрасни колеги и личности.Во станица за технички преглед.
АМСМ МЕГАФОН:::Каква личност има тенденција да биде најсреќна овде во АМСМ?
Христина: Искрено не сум размислувала
Благица: Кратко сум тука за да одговорам
АМСМ МЕГАФОН::Со кого го пиеш утринското кафе?
Христина: Почесто со колегите
Благица: Најчесто со колегите
АМСМ МЕГАФОН::Од кога си во АМСМ?
Христина:Од далечната 2006 год
Благица: 02.08.2022
АМСМ МЕГАФОН:: Кажи виц?
Христина: Зошто Црногорците доаѓаат во МКД? Слушнале дека кај нас нема работа
Благица: Драга 20 год. Сме во брак и никогаш не си ми направила волку убаво кафе. Оставај!, си го зел моето 🙂
АМСМ МЕГАФОН::Опиши една пријатна/непријатна ситуација од претходната недела
Христина: Нема нешто што би одвоила и што ми останало во сеќавање измината недела
Благица: Немаше
АМСМ МЕГАФОН:: На што си посебно горд/а?
Христина: Пред се на самата себе
Благица: Толерантност
АМСМ МЕГАФОН:: Како се справуваш со конфликтни ситуации?
Христина: Си зимам редовно терапија 🙂 🙂
Благица: Што е можно помирно да реагирам.
АМСМ МЕГАФОН:: Совет за помладите колеги…
Христина: Совет? Хм…
Благица: Упорност
АМСМ МЕГАФОН:: Опиши го својот претпоставен со еден збор:
Христина: 2 мин. 🙂
Благица: Колега.