Идејата на оваа статија е да поразговараме со вработените малку поинаку…неформално…интересно…
Пофалени колеги, секогаш инспирација за разговор…
Како го поминуваат тие слободното време… Си муабетевме со Усеин и Сенчо 🙂
Сенаид Аљиу, возач механичар во СПИ Помош на пат – Центар
Усеин Рамадан, административен референт во АМСМ Центар за возила – Чаир
АМСМ МЕГАФОН:: Како го помина минатиот викенд?
Усеин: Со оглед на тоа дека во саботата не бев на работа , викендот го поминав на прошетка со семејството.
Сенчо: Работно, бев дежурен..

АМСМ МЕГАФОН:::Што те донесе во АМСМ? Што работеше претходно?
Усеин: Предходно сум работел на повеќе места , во АМСМ дојдов по препорака на пријател.
Сенчо: Од средно школо, практична настава следев во АМСМ
АМСМ МЕГАФОН:::Каква личност има тенденција да биде најсреќна овде во АМСМ?
Усеин: Личност кој ја исполнува комуникацијата со (многу) луѓе во текот на денот комуникативна , вредна , енергична, таква личност би се снашла во нашата работа.
Сенчо: Тие што пушат цигари или пијат кафе со шефовите или управителите 🙂
АМСМ МЕГАФОН::Со кого го пиеш утринското кафе?
Усеин: Утринското?!!!! со Лина секако, ( сопругата ) 🙂 🙂 🙂
Сенчо: Кога сум на работа со колегите, а кога сум дома со најблиските (фамилијата).
АМСМ МЕГАФОН::Од кога си во АМСМ?
Усеин: Во АМСМ сум од 2014-год.
Сенчо:По завршување на средно школо.

АМСМ МЕГАФОН:: Кажи виц?
Сенчо: Тие што возат Алфа, си го викаат механичарот на слава 🙂
АМСМ МЕГАФОН::Опиши една пријатна/непријатна ситуација од претходната недела
Усеин:Секоја ситуација кога странката ќе си замине од нашиот технички преглед задоволна е пријатно и на задоволство на вработените, додека минатата недела немав непријатни ситуации.
Сенчо: Да сретнеш човек што си му помогнал пред 10 години и да ти се заблагодари (пријатна), да те врбуваат за нешто за што не си ни помислил, а не да направиш (непријатна).

АМСМ МЕГАФОН:: На што си посебно горд/а?
Усеин: Горд сум на се што сум постигнал до сега, на себе, на семејството..
Сенчо: На моиве деца и фамилијата и на колегиве со кои работам..
АМСМ МЕГАФОН:: Како се справуваш со конфликтни ситуации?
Усеин:Реално конфликтни ситуации сум имал многу малку и тие се решаваат со смиреност и разговор …такви ситуации настојувам да нема 🙂
Сенчо: Со кажување на вистината и смиреност.
АМСМ МЕГАФОН:: Совет за помладите колеги…
Усеин:Основен совет за помладите колеги е да го почитуваат искуството на постарите колеги и заедно да соработуваат во процесот на работата. На помладите им треба искуство од постарите , а на постарите им треба енергијата и ентузијазам на помладите.
Сенчо: Да се професионалци во својата работа и да си ја сакаат работата.
АМСМ МЕГАФОН:: Опиши го својот претпоставен со еден збор:
Усеин: Перфектен.
Сенчо: Роналдињо.