Идејата на оваа статија е да поразговараме со вработените малку поинаку…неформално…интересно…
Овој пат разговараме со трите девојки кои освен тоа што се колешки долги години, тие се познаваат од деца 🙂 Заедно завршиле и факултет…:)
Јулијана Станковска Маџукоска – референт за технички преглед – АМСМ Центар
Ирена Ваневска Милиновиќ – раководител на Големи корисници – АМСМ Центар
Елена Атанасоска – раководител на СПИ Контакт центар – АМСМ Центар
АМСМ МЕГАФОН:: Како го помина минатиот викенд?
Јуци: Одлично! Петокот бевме на кафенце со Ели и Ирена, во саботата бев на работа, а неделата во парк со семејството.
Ваневска: Минатиот викенд бевме на пиво со Ели и Јуле (не знам дали ги знаете) и бев на планина нормално..
Ели: Викендот почна одлично со петочно дружење со Ирена и Јуле и нашата четврта другарка Бисера, а заврши неславно со температура и лежење во кревет ..:(
АМСМ МЕГАФОН:::Што те донесе во АМСМ? Што работеше претходно?
Јуци: Летото 2007 во Спи службата се бараа референти со познавање на германски и англиски. Бидејќи ги исполнував условите за апликацијата и две мои другарки и колешки од факултет веќе работеа во таа служба и имаа само пофални зборови,аплицирав и јас. И ете веќе е 2023..

Ваневска: Ме повика еден поранешен колега да бидам дел од Контакт центарот, претходно не работев, токму во тој период завршував факултет..
Ели: Во АМСМ ме донесе Ирена Ваневска Милиновиќ. Претходно работев во две приватни фирми, претежно администрација.
АМСМ МЕГАФОН:::Каква личност има тенденција да биде најсреќна овде во АМСМ?
Јуци: Исполнителна,вредна,љубезна и дисциплинирана.
Ваневска: Позитивна и ослободена од его, така ќе биде и личноста најсреќна, а и тие околу неа секако упорна и трудољубива.
Ели: Вредна, одговорна, комуникативна.
АМСМ МЕГАФОН::Со кого го пиеш утринското кафе?
Јуци: Со колегите.
Ваневска: Со колегите, си знаат кои 🙂
Ели: Станувам порано за да испијам кафе сама во тишина пред да одам на работа.
АМСМ МЕГАФОН::Од кога си во АМСМ?
Јуци:Од јуни 2007.
Ваневска:Од крај на 2005 година… со 3 години пауза…машала ќе праиме полнолетство 🙂
Ели: Од 01.05.2007 година.

АМСМ МЕГАФОН:: Кажи виц?
Јуци: Го прашале Трпе:
– Трпе колку јазици зборуваш?
– Осум.
-Еј, осум!? Ај кажи нешто на италијански.
– Бонжур.
– Ееее па тоа е француски…
– Епа тогаш девет.
Ваневска: Трпана му се дере на Трпе:
– Уште еднаш кажи ми дека сум крава, се разведувам од тебе. А, сега си легнувам, нозете ме болат од работа.
– Предните или задните?
Ели: Трет закон на физиката:
“Тело што застанало пред фрижидер, нема намера само да гледа”
АМСМ МЕГАФОН::Опиши една пријатна/непријатна ситуација од претходната недела
Јуци: Секогаш ми е пријатно кога на шалтер доаѓаат повозрасни луѓе. Додека ги сработиме документите тие веќе ни раскажале и за внучињата. Потоа ни е тешко да ги станеме зошто им е пријатно да си седат 🙂
Ваневска: Немам непријатна ситуација, а пријатни колку сакаш 🙂
Ели: Непријатна ситуација и да имало веќе сум ја заборавила, а пријатна…дружбата што ја спомнав на почетокот, бидејќи ни беа потребни месеци за да се договориме.

АМСМ МЕГАФОН:: На што си посебно горд/а?
Јуци: Горда сум на себе и благодарна за се што имам.
Ваневска: Горда сум на себе што успевам сè повеќе да се справувам со некои емоции и се разбира на сѐ што имам и постигнувам во моментов.
Ели: Горда сум на се што сум постигнала како на професионален, така и на приватен план.
АМСМ МЕГАФОН:: Како се справуваш со конфликтни ситуации?
Јуци: Во конфликтна ситуација пробувам да направам шала на своја сметка.
Ваневска: Си имам свој начин 🙂 со мантра 🙂 Многу зависи од конфликтот, ситуацијата и личноста со кого си во конфликт. Сваког дана све више и више напредујем 🙂
Ели: Секогаш сум се трудела во такви ситуации да бидам професионална и смирена.
АМСМ МЕГАФОН:: Совет за помладите колеги…
Јуци: Бидете свои но секогаш љубезни и исполнителни.
Ваневска: Да ги почитуваМЕ повозрасните и поискусните колеги 🙂
Ели: Да учат, да бидат вредни и одговорни.
АМСМ МЕГАФОН:: Опиши го својот претпоставен со еден збор
Јуци: Супер.
Ваневска: Коректен.
Ели: Човек што си ја знае работата.