Идејата на оваа статија е да поразговараме со вработените малку поинаку…неформално…интересно…

Да ги запознаеме колегите од Кичево. 

Дејан Ѓурчиновски контролор во Центар за возила и Наташа Штерјоска асистент за продажба во Мобилити брокер.

Тие позитивно го прифатија нашиот предизвик. 🙂 

 

АМСМ МЕГАФОН:: Како го помина минатиот викенд?

Дејан: Минатиот викенд го поминав во домашна атмосвера заедно со моите најблиски, а во попладневните (вечерните) часови и во друштво со другарите.

Наташа: Викендот што помина го поминав во празнична атмосвера, во нашиот дом се славеше големиот христијански празник Св.Јован (Водици)

АМСМ МЕГАФОН:::Што те донесе во АМСМ? Што работеше претходно?

Дејан: Во АМСМ сум затоа што продолжив по стапките на мојот татко, кој исто така работеше во АМД Кичево, и покрај него уште од мали нозе започна мојот интерес кон возилата.  Целата моја работна кариера е во АМСМ, со тоа што 10 тина години ги поминав во АМД Кичево (АМД Контролори) и година и пол дирекно под АМСМ.

 

Наташа Веднаш по превземањето на Техничкиот преглед од страна на АМСМ имаше оглас за работна позиција која со задоволство ја прифатив. Предходно имам работено како Ветеринарен техничар и во Осигурителна компанија.

АМСМ МЕГАФОН:::Каква личност има тенденција да биде најсреќна овде во АМСМ?

Дејан: Личност која во животот е заинтересирана за работа со возила.

Наташа: Среќна личност во АМСМ  е љубител на возила и личност која ја сака и ужива во својата работа.

АМСМ МЕГАФОН::Со кого го пиеш утринското кафе?

Дејан: Во работните денови утринското кафе го пијам заедно со моите колеги, а во неработните денови заедно со моите другари.

Наташа: Првото кафе во работни денови го пијам заедно со моите колеги,  додека во неработни денови со моите најблиски во мојот дом.

АМСМ МЕГАФОН::Од кога си во АМСМ?

Дејан: Дирекно под АМСМ сум година и пол.

Наташа: Во АМСМ сум година и пол.

АМСМ МЕГАФОН:: Кажи виц?

Дејан:  Казна: Полицаец и приоѓа на жена што вади пари од банкомат: Kолата паркирана на пешачки ваша ли е: Да: Извадете уште 50 евра.

Наташа:  Работење: Цветко сакал да зафркава луѓе по телефон и им се јавувал и викал: Ало, ви работи фрижидерот?  Да, работи !   Епа дајте му плата.

 

 

АМСМ МЕГАФОН::Опиши една пријатна/непријатна ситуација од претходната недела 

Дејан: Пријатна ситуација која ми се случи минатата недела: Нова странка при прва средба како корисник на услугите во Техничкиот преглед, ми додели комплименти за извршената услуга од моја страна.

Наташа: Пријатна ситуација што бев пофалена од странка за убав пристап и услугата пружена од моја страна на шалтерот во АМСМ

АМСМ МЕГАФОН:: На што си посебно горд/а? 

Дејан: Горд сум на себе, и благодарен на моите најблиски за поддршката која ми ја даваат во живот и што ми овозможија да го достигнам тоа што сум.    

Наташа: Горда сум на себе и благодарна на моите родители што ми даваат голема поддршка во мојот живот.

АМСМ МЕГАФОН:: Како се справуваш со конфликтни ситуации?

Дејан: Со комфликтни ситуации се справувам така што секогаш настапувам смирено и имам големо трпение.

Наташа: Во комфликтни ситуации се справувам така што со мирен пристап се трудам да најдам решение на недоразбирањето,  доколку го има

 

АМСМ МЕГАФОН:: Совет за помладите колеги…

Дејан: Помладите колеги секогаш да учат од постари за да го зголемат нивното искуство

Наташа: Совет за помладите: Секогаш да учат од постарите, за да го зголемат своето искуство,  за полесно да се справуваат во ситуации со кои се среќаваат во текот на работата.

АМСМ МЕГАФОН:: Опиши го својот претпоставен со еден збор 

Дејан: Коректен

Наташа: Коректен

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping