Идејата на оваа статија е да поразговараме со вработените малку поинаку…неформално…интересно…

Овој пат бевме во друштвото на СТП. Си муабетевме со Даниела Ристовска и Антонио Николовски од СТП Центар.

 

АМСМ МЕГАФОН:: Како го помина минатиот викенд?

Тони: Секој викенд и секое слободно време го поминувам со моето семејство.

Дани: Минатиот викенд ми започна работно, а заврши со вечерна дружба со моите блиски пријатели.

АМСМ МЕГАФОН:::Што те донесе во АМСМ? Што работеше претходно?

Тони: Понудата што ја добив да роботам за голема компанија како што е системот на Амсм ми беше голем предизвик и ја прифатив. Претходно работев комерција во фирма за канцелариски материјали.

 

Дани: Во времето на моето вработување АМСМ беше, сеуште е и ќе биде Број 1.

АМСМ МЕГАФОН:::Каква личност има тенденција да биде најсреќна овде во АМСМ?

Тони: Амбициозни и вредни луѓе😁

Дани: Личност која е позитивна, трпелива и пред се вредна.

АМСМ МЕГАФОН::Со кого го пиеш утринското кафе?

Тони: Утринското кафе на работа го  пијам со колегите.

Дани: Моето работно утринско кафе е испиено со мојата драга колешка Наташа.

АМСМ МЕГАФОН::Од кога си во АМСМ?

Тони:  Јуни 2013 година.

Дани: Во АМСМ сум од Мај 1995г. Не е многу нели? 🙂

АМСМ МЕГАФОН:: Кажи виц?

Тони:

Оди Трпе во црква да се исповеда.

Трпе: Оче,по цел ден слушам глас кој ми наредува што да правам. Дали сум опседнат???

Отецот: Не бе синко, оженет си 😁!!!

Дани: 

Малиот Трпе го прашуа татко му:

– Тато што е тоа шалтер?

– Оди прашај ја мајка ти.

– Мамо што е тоа шалтер?

– Оди прашај го татко ти.

– Татооо бе паа…

– Тоа е сине, тоа е шалтер…

АМСМ МЕГАФОН::Опиши една пријатна/непријатна ситуација од претходната недела 

Тони: Пријатна ситуација: шефицата ме пофали дека сум вреден работник и ми даде дополнителни  4 обврски да ги сработам 🙂

Дани: Непријатната ситуација брзо се занемарува, додека пак пријатните се памтат за секогаш.

АМСМ МЕГАФОН:: На што си посебно горд/а? 

Тони: Горд сум на моето семејство, моите деца Марко и Софија.

 Дани: На успесите во мојата професионална кариера, но сум и посебно горда на моите деца, посебно на мојот внук.

АМСМ МЕГАФОН:: Како се справуваш со конфликтни ситуации?

Тони: Пробувам да останам смирен и да се најде најмирно решение за ситуацијата.

Дани:  Мојата самоконтрола е една од поважните карактеристики.

 

АМСМ МЕГАФОН:: Совет за помладите колеги…

Тони: Да не се плашат од предизвиците и да учат од постарите.

Дани: Учете од најдобрите.

АМСМ МЕГАФОН:: Опиши го својот претпоставен со еден збор 

Тони: Стручен (Посветен)

Дани:  Беспрекорен.

 

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping