НАМАЛЕНА БЕЗБЕДНОСТ ПРЕДИЗВИКАНА ОД КОРИСТЕЊЕ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

18/09/2023

Веројатноста возачите да предизвикаат сообраќајна незгода користејќи го својот паметен телефон додека возат е за четирипати поголема. Кампањата за безбедност на патиштата на ФИА Регион I, која локално се реализира со поддршка на АМСМ, како единствена мобилити членка на ФИА од земјава, повикува да не се користат мобилни телефони додека се вози.

Факт е дека не можеме да живееме без нашиот паметен телефон, но зошто би го ризикувале живот поради него?

 

Многу возачи го користат својот мобилен телефон за навигација, но важно е ова да се направи пред да се тргне. Нотификациите од паметните телефони, исто така, може да предизвикаат невнимание. Со вклучување на режимот „не вознемирувај“ пред возење може да се намали бројот на известувања на паметните телефони.

Расеаното возење може да доведе до фатални несреќи, но повеќето од нив би можеле да се избегнат. АМСМ и ФИА Регион I ги повикуваат возачите да почекаат безбедно да пристигнат до дестинацијата за да го користат својот паметен телефон, да пратат пораки, да му се јават некому или да ја проверат својата е-пошта.

„Невниманието поради мобилните телефони е често во многу ситуации, дури и кога не станува збор за возење. Пешаците, велосипедистите и другите учесници во сообраќајот, исто така, треба да бидат свесни за ризиците што ги преземаат кога ги користат телефони додека се во сообраќај“, рече Лоријана Крид, генерален директор на ФИА Регион I.

Кампањата на ФИА Регион I ќе биде спроведена во 30 земји низ Европа, Блискиот Исток и Африка и преведена е на 24 јазици.

Кампањата за безбедност на патиштата на ФИА Регион I е поддржана од Програмата за грантови за безбедност на патиштата на ФИА.

Дополнително, АМСМ со поддршка на ФИА и ФИА Грант Програмa приспособи алатка за намалување на навиката за користење мобилен телефон додека се вози. Пристапот е базиран врз истражување и дизајниран е за да ви помогне засекогаш да прекинете со навиката. Повеќе за Drive in The Moment.

 

За ФИА Регион I

Меѓународната федерација за автомобили (ФИА), основана во 1904 година, ги обединува водечките национални автомобилски организации од 146 земји во светот и таа е раководно тело за светскиот автомобилски спорт. Канцеларијата на ФИА Регион I, со седиште во Брисел, е тело на потрошувачи што опфаќа 100 клуба за мобилност што претставуваат над 36 милиони члена од цела Европа, Блискиот Исток и Африка. АМСМ е единствена мобилити членка на ФИА од нашата земја.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping