СЕРВИС И ПРОМЕНА НА ГУМИ НА ВАША ЛОКАЦИЈА

27/03/2024

Сервисирањето и одржувањето на службените возила на вашата компанија не мора да биде комлицирано, но за тоа ви е потребен сигурен и доверлив партнер. Премиум сервисните услуги кои ги извршуваме на ваша локација ви овозможуваат бројни предности:

  • намалување на трошоците за одржување на возниот парк, бидејќи одржувањето се врши на локацијата на клиентот;
  • скратување на времето и намалување на ангажманот на вработените при одржување на возилата;
  • намалување на загубата на ефективно работно време, бидејќи услугите за одржување се вршат само по работното време или за време на викендот.

Премиум сервисните услуги се извршуваат со мобилно сервисно возило прилагодено и комплетно опремено за успешна реализација на следните сервисни услуги, во сите годишни времиња:

  • Замена и балансирање на пневматици
  • Редовен сервис на возило
  • Компјутерска дијагностика
  • Проверка и дополнување на системот за ладење со фреон (клима уред)
  • Замена на делови од кочиониот систем (промена на плочки и дискови по оска)
  • Проверка на осветлување
  • Останати помали интервенции
  • Водење сервисна историја

Мобилниот сервис е достапен за извршување на сервисни услуги на ваша локација 7 дена во неделата.

 

Повеќе информации и закажување: 02/3181-329

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping