КОВИД-19 ВОДИЧ ЗА ПАТУВАЊЕ НИЗ ЕВРОПА

Патување во услови на корона: дали вашата дестинација за одмор е достапна и отворена за туристи, кои и какви мерки се во сила во моментот, како да се заштитите?

Единствено овде на едно место можете да најдете информации за мерките за Ковид-19 на 33 европски дестинации, што во моментов се во сила, вклучително и мерките во нашата земја.  За да ги видите мерките во земјата во која патувате, кликнете на неа и ќе добиете детални информации.

Овој Ковид-19 водич за патување низ Европа на АМСМ е креиран во соработка со другите европски клубови што, исто така, се членки на FIA. Овие информации ќе ви помогнат да разберете што можете да очекувате од одморот во некоја од европските земји во услови на Ковид-19.

Информациите се следат и се дополнуваат секојдневно врз основа на информациите кои ги добиваме од националните авто-мото и мобилити клубови во Европа.

Патувајте БЕЗГРИЖНО!