Осмата генерација од легендарниот модел на Тојота, „хајлукс“, е првата која добива еден вид електрификација која со речникот на производителите се нарекува умерена хибридна технологија затоа што покрај дизел моторот, конструкторите вградиле 48V хибридна технологија. Со тоа пикапот „тојота хајлукс“ добива дополнителни 16 КС и 65 Нм, но добива и помала потрошувачка на гориво за 5,0 отсто. Тоа значи дека со 2,8 литарски дизел мотор со четири цилиндри во линија отсега натаму сопствениците ќе изминуваат повеќе километри со еден резервоар дизел гориво.
Опременоста на хибридната изведба е еднакво иста како и во изведбите што не го носат прекарот „хибрид“. Солидна удобност во одделот за патниците како на предните така и на задните седишта, 8,0 инчен екран, електронски безбедносни додатоци како тој за случајно минување од една во друга коловозна лента, прилагодлив темпомат, предупредување во случај да има возило во невидливиот агол итн.
„Тојота хајлукс хибрид“ може да влече товар до 3,5 тони, додека на себе може да понесе максимални 1.000 кг. Најновиот пик ап ќе може да го купите од средина на наредната година, по цена која ќе ја одреди увозникот.