Тест на летни гуми 2021-Кога ќе дојде летото: Четворката победува

06/05/2021

Во фокусот се компактната и средната класа: ТЕСТОТ ЗА ЛЕТНИ ПНЕВМАТИЦИ НА ÖAMTC оваа година става под лупа 32 модела на пневматици.

од Гинтер Рауекер

 

ПОСТОЈАТ МНОГУ ПРИЧИНИ да му се радуваме на зголемувањето на температурите во пролет. Кога ќе стане потопло, сè станува многу полесно. И опасноста од лизгавите патишта предизвикана од мраз и снег ќе остане во минатото шест месеци.

Сега е време да размислите за префрлување од зимски на летни пневматици. И време кога треба критички да ги погледнете летните пневматици во подрумот или во гаражата: ако длабочината на шарата е блиску до законската минимална вредност на летните пневматици од 1,6 милиметри, треба да купите нови пневматици бидејќи не смее под оваа вредност дури ни на крајот на сезоната на летните пневматици. Колку што има помала длабочина на шарата, толку е поголем ризикот од аквапланинг, односно губење контакт на пневматикот со коловозот во случај на многу влажни услови. Најдобра помош при донесувањето одлуки за претстојното купување пневматици е тестот за летни пневматици на ÖAMTC и неговите партнери – оваа година во две димензии што се меѓу најпродаваните големини, со што им припаѓаат и на најважните димензии за производителот.

Димензија 205/55 R16 за компактната класа

Резултатите постојано се позитивни за големината на пневматикот што одговара, на пример, на vw Golf, Ford Focus или Honda Civic. Три модели се „многу препорачливи“, единаесет постигнуваат оцена „препорачливи“ и само една марка треба да биде задоволна со „условно препорачлива“.

НА ПОДИУМОТ на пневматиците што се „многу препорачливи“ водството го делат Continental Premium Contact 6 и Semperit SpeedLife 3. Continental испорачува добар целокупен пакет и особено е импресивен на влажни патишта. Во критериумот за управување при влажни услови доби најдобра оцена на тестот. За споредба, покажува и малку поголема потрошувачка на гориво. И Semperit е убедлив како сеопфатен. На влажни коловози за неколку нијанси е полош од Continental, но е подобар од аспект на отпорност на тркалање (значи при потрошувачка).

И Bridgestone Turanza Т005 постигнува добри вредности и на суви и на влажни коловози. Во суви услови убедува со кратките растојанија на сопирање, а кога станува збор за потрошувачката на гориво, постигнува многу добри резултати.

Goodyear EfficientGrip Performance 2 и Kumho Ecsta HS51 за малку не постигнаа подобар рејтинг во рамките на „препорачливите“ пневматици. Кај двата модела се констатирани мали недостатоци на суви коловози. Apollo не постигна подобар рејтинг на влажни коловози. Hankook е специјалист за суви патишта, Fulda изгуби вредни поени на влажни коловози.

BF Goodrich покажува слабости во страничното водење при сопирање и забрзување на влажни коловози. Maxxis, Nokian и Pirelli постигнуваат добри резултати, но сите имаат релативно големо абење и постигнуваат само мала километража.

Uniroyal се добри на влажни услови, а имаат недостатоци на суви услови. Petlas заостануваат, особено при сопирање на суви патишта. Последното место е резервирано за King Meiler (единствен вулканизиран пневматик). Овој пневматик не може да држи чекор со конкуренцијата. Покрај тоа, пневматикот реагира на топлина со сериозно губење на перформансите.

Димензија 225/50 R17 за средната класа

Четирипати „многу препорачливи“ во големината на пневматикот што одговара на Audi A4, Peugeot 508 или VW Passat. Falken Azensis FK510 импресионира со својата посебна урамнотеженост, Continental Premium Contact 6 со прецизното чувство за возење на влажни коловози. Kumho Ecsta PS71 е експерт во делот за аквапланинг, а Bridgestone Turanza Т005 има свои јаки страни на суви коловози.

Michelin води во средното поле на „препорачливите“ модели: специјалист за суви коловози, но губи решавачки поени при тестовите на влажни коловози. Одлично: мало абење. Dunlop, исто така, е специјалист за суви услови. Сепак, покажува мали слабости на влажни услови.

ESA + Tecar покажува токму спротивно однесување: добри резултати на влажни услови, но релативно непрецизна контрола на суви услови. Наспроти тоа, одличен во малото ниво на абење.

Nexen и Pirelli секогаш возат прецизно на суви услови, но имаат мали недостатоци на влажни коловози. Nexen прерано го губи своето однесување во свијоците, Pirelli не може целосно да убеди со перформансите на сопирање, а тоа важи и за однесувањето при возење на влажни коловози.

Semperit е вистински специјалист за влажни патишта: Со кратки растојанија на сопирање и одлично управување може да импресионира на дожд. Поените му се одземаат на сув асфалт. Слика со автомобил: Најважното поглавје при оценувањето на пневматиците се критериумите на влажни коловози.

Kleber: добри растојанија за сопирање на суви коловози, недостатоци на влажни услови.

Sava, Giti и Laufenn се добри кандидати за суви услови, но кога е влажно, покажуваат слабости, особено кога станува збор за управување.

Barum и Viking не можат навистина да убедат ни на влажни ни на суви коловози.

Barum се распаѓа на топлина, кај Viking брзо се надминува границата на издржливост на пневматикот.

Додека својствата на Firestone, кој е на последно место, сè уште се задоволителни на суви патишта, сликата се менува на влажни коловози. Неговото ниско ниво на издржливост за време на управувањето предизвикува проблеми, кога товарот се менува (сопира или забрзува) во свијоци, често губи контакт со коловозот. Ова може да се забележи и при сопирање. Затоа донесовме оцена: „непрепорачливи“.

Слика: Сопирање при влажни коловози од 80 на 0 km/h – димензија 225/50 R17

Растојание на сопирање во метри Средна вредност 36,5 м

Зошто отпаѓа еден пневматик: Додека возилото опремено со пневматици Semperit застанува на влажен коловоз со целосно сопирање од 80 km/h по точно 33 метри, со Firestone ви требаат уште осум метри повеќе. Со други зборови: каде што Semperit застанува, Firestone има уште 36 km/h.

 

Штом температурите значително ќе се зголемат, летните пневматици се побезбеден избор. Фридрих Епел, експерт за пневматици на ÖAMTC

Препорака на ÖAMTC
***** = извонредни
**** = многу препорачливи
*** = препорачливи
** = условно препорачливи
* = непрепорачливи

Препораката на ÖAMTC и редоследот на моделите се базира врз вкупната оцена што се пресметува од евалуацијата на поединечните критериуми. Доколку некој модел врз основа на неговите оцени за критериумите сув терен, влажност, потрошувачка на гориво, абење не е веќе „многу препорачлив“ (оцена полоша од 2,5), тогаш како вкупна оцена се зема најлошата оцена од наведените испитувања. При иста оцена редоследот е азбучен според називот на производителот.

Индекс на брзина: сите пневматици со димензија 205: V (до 240 км/ч) сите пневматици со димензија 225: Y (до 300 км/ч)

Индекс на оптоварување: сите пневматици со димензија 205: 91 (= 615 кг) сите пневматици со димензија 225: 98 (= 750 кг)

Учество на критериуми : Сув терен 20 % (однесување при возење 35 %, безбедност при возење 35 %, сопирање 30 %), влажност 40 % (сопирање 30 %, аквапланинг по должина 20 %, аквапланинг попречно 10 %, управување 30 %, странично водење 10 %), звук 10 % (надворешен звук 50 %, внатрешен звук 50 %), потрошувачка на гориво 10 %, абење 20 %.

 

Тест за летни пневматици 2021: димензија 205/55 R16
ÖAMTC КРИТЕРИУМИ
Continental
PremiumContact 6
Semperit Speed-Life 3 Bridgestone Turanza
Т005
Goodyear EfficientGrip
Performance 2
Kumho Ecsta HS51 Apollo Alnac 4G Hankook Ventus
Prime 3 K125
Fulda EcoControl HP 2 BF Goodrich
Advantage
Maxxis Premitra 5 Nokian Wetproof Pirelli Cinturato P7 Uniroyal RainSport 5 Petlas Imperium
PT515
King Meiler Sport
1 1)
Ознаки на етикетата според производителот/
отпор при превртување/
адхезија при влага/надворешен звук
C/A/71 C/B/71 B/A/71 B/A/69 C/B/69 C/B/70 C/A/71 C/B/70 C/A/70 C/A/70 C/A/68 C/A/70 C/A/71 C/B/71
 сув терен 20% 2,0 2,0 2,0 2,6 2,6 2,6 1,5 2,5 2,2 1,4 2,1 2,0 2,9 3,3 3,2
 влажност 40% 1,8 1,9 2,1 2,3 2,2 2,7 2,7 2,8 2,9 2,2 2,3 2,0 2,1 3,3 3,6
 звук 10% 3,1 2,8 3,2 2,8 2,8 2,8 2,9 2,7 2,8 3,1 2,7 2,7 2,7 3,1 3,7
 потрошувачка на гориво 10% 2,5 2,0 1,8 1,9 1,6 1,9 1,9 1,9 1,6 2,7 2,3 2,3 1,9 2,2 2,0
 абење 20% 2,5 2,5 2,5 0,6 2,0 2,0 2,5 1,5 2,0 3,0 3,0 3,0 3,0 1,5 2,5
 Вкупна оцена 100% 2,2 2,2 2,3 2,6 2,6 2,7 2,7 2,8 2,9 3,0 3,0 3,0 3,0 3,3 3,6
 Препорака на ÖAMTC **** **** **** *** *** *** *** *** *** *** *** *** *** *** **
 (+) најдобри при
влажност, добри на сув
коловоз
 (+) многу добри при
влажност, добри на сув
коловоз
 (+) многу добри при
потрошувачка, добри
на сув коловоз и
при влажност
(+)
најмало абење,
многу добри во
потрошувачка, добри
на влажен коловоз,
(-) мали недостатоци
на сув коловоз
(+) најдобра оцена
при потрошувачка,
добри при влажност
(-) мали недостатоци
на сув коловоз
 (+), многу добри при
потрошувачка
(-) мали недостатоци
на сув коловоз и на
влажност
(+) многу добри
на сув коловоз и
потрошувачка
(-) мали недостатоци
при влажност
(+) многу добри за
потрошувачка и абење,
добри на сув коловоз
(-) мали недостатоци
на влажни услови
(+) одлична оцена за
потрошувачка, добри
на сув коловоз
(-) мали недостатоцна
влажни услови
(+) најдобри на сув
коловоз, добри
на влажни услови
(-) недостатоци
при абење, мали
недостатоци при
потрошувачка
(+)
добри на сув коловоз и
при влажност,
(-)недостатоци при
абење
(+)
добри на сув коловоз и
при влажност
(-) недостатоци при
абење
(+), многу добри при
потрошувачка, добри
при влажност
(-) недостатоци
при абење, лесни
недостатоци на сув
коловоз
(+) многу добри при
абење
(-) недостатоци на
сув коловоз и при
влажност
(-) недостаток при
влажност, недостатоци
на сув коловоз

 

Тест за летни пневматици 2021: димензија 225/50 R17        
ÖAMTC    КРИТЕРИУМИ        
Falken Azenis FK510 Continental
PremiumContact 6
Kumho Ecsta PS71 Bridgestone Turanza
Т005
Michelin Primacy 4 Dunlop Sport
Maxx RT2
Esa + Tecar Spirit Pro Nexen N Fera Sport Pirelli Cinturato P7 Semperit Speed Life 3 Kleber Dynaxer HP4 Sava Intensa UHP 2 Giti 2) GitiPremium H1 Laufenn S Fit EQ LK01  Barum Bravuris 5 HM  Viking ProTech
NewGen
 Firestone Roadhawk
Ознаки на етикетата според производителот/
отпор при превртување/
адхезија при влага/надворешен звук
C/A/69 C/A/72 C/A/72 B/A/72 B/A/68 C/A/68 C/B/72 E/A/71 C/A/71 C/B/72 C/A/69 C/B/71 C/A/69 C/B/72  C/B/72  C/B/72  C/A/72
сув терен 20% 1,9 2,1 2,5 2,2 1,5 1,8 2,8 1,9 1,5 2,9 2,3 2,0 1,8 2,5  3,4  3,3  2,8
влажност 40% 2,0 2,1 2,2 2,5 2,7 2,8 2,3 2,8 2,8 2,0 3,1 3,1 3,3 3,3  3,4  3,5  4,9
звук 10% 2,8 3,1 3,2 3,5 3,0 2,8 2,9 2,8 2,9 2,9 2,9 2,6 3,0 2,9  3,5  3,0  3,0
потрошувачка на гориво 10% 2,4 1,8 2,1 2,2 2,0 2,0 2,1 2,4 2,2 2,2 1,8 2,1 2,1 2,2  1,8  1,6  2,0
абење 20% 2,0 2,0 2,0 2,5 1,5 2,5 1,5 2,5 2,0 1,5 2,5 2,5 2,5 2,5 2,0 2,0 2,5
Вкупна оцена 100% 2,1 2,2 2,3 2,5 2,7 2,8 2,8 2,8 2,8 2,9 3,1 3,1 3,3 3,3  3,4  3,5  4,9
Препорака на ÖAMTC **** **** **** **** *** *** *** *** *** *** *** *** *** ***  ***  ***  *
(+)најдобри при
влажност, многу добри
на сув коловоз
(+)многу добри на
потрошувачка, добри
на сув коловоз и при
влажност
(+) добри на
сув коловоз
и при влажност
(+) добри на сув
коловоз и при
влажност
(+) најдобра оцена
на сув коловоз и при
абење
(-) мали недостатоци
при влажност
(+) многу добри
на сув коловоз
(-) мали недостатоци
при влажност
(+) најдобри при
абење, добри на
влажност
(-) недостатоци на сув
коловоз
(+) многу добри
на сув коловоз
(-) мали недостатоци
при влажност
(+) најдобри на сув
коловоз
(-) мали недостатоци
при влажност
(+) најдобра оцена при
абење, и влажност
(-) мали недостатоци
на сув коловоз
(+) многу добри при
потрошувачка, добри
на сув коловоз
(-) недостатоци при
влажност
(+) добри на сув
коловоз
(-) недостатоци при
влажност
(+) многу добри
на сув коловоз
(-) недостатоци при
влажност
(+) добри
на сув коловоз
(-) недостатоци при
влажност
(+) многу добри за
потрошувачка,
(-) недостатоци на
сув коловоз и при
влажност
(+) најниска
потрошувачка,
(-) недостатоци на
сув коловоз и при
влажност
(-) многу слаби при
влажност, мали
недостатоци на сув
коловоз

 

Препорака на ÖAMTC ***** = извонредни **** = многу препорачливи  *** = препорачливи ** = условно препорачливи * = непрепорачливи

 

 

Превземено од ÖAMTC

ПОВРЗАНИ СТАТИИ