Тест на детски седишта за 2023-КОРИСТИ ПРАВИЛНО!

13/09/2023

Од 18 седишта на тестот, меѓу нив нема ниту едно со оце- на „многу добро“, туку едно со оцена „недоволно“. Добрата вест е во тоа што: Кога станува збор за безбедноста, меѓу нив воопшто нема никакво отскокнување

ОД ЛИДИЈА СИЛБЕРКНОЛ

 

ПОВТОРНО Е ВРЕМЕ ЗА ТЕСТИРАЊЕ: Секоја година ÖAMTC, во соработка со својот партнер Dubs, ги тестира новите детски седишта што се на пазарот, во врска со безбедноста. Овој пат тестирани се вкупно 18 седишта, од кои единаесет добија оцена „добро“, шест добија оцена „задоволително“ и едно седиште доби оцена „недоволно“.

Добрата вест е во тоа што речиси сите тестирани седишта беа оценети како „многу добри“ и „добри“ во категоријата за безбедност. „Дури и BeSafe iZi Twist M, кое беше оценето како ‘недоволно’, само по себе е многу безбедно седиште, кое дури и ќе добиеше оцена ‘добро’ ако не беше слабиот резултат во однос на загадувачите“, вели Штефан Кребл, раководител на Одделот за тестирање и технологија. Но и покрај добиените добри безбедносни резултати, овој пат ниту едно детско седиште не доби, односно не постигна оцена „многу добро“.

Што е поентата? Од една страна, неколку седишта од тестираните покажуваат зголемен ризик од „злоупотреба“, односно неправилна употреба. Од друга страна, кај некои од тестираните седишта се случи грешка при обработката, „што не е релевантно за безбедноста, но може да биде значајно“, вели Кребл. Во овој сегмент треба да се споменат седиштата Britax Römer Discovery Plus и Adventure Plus. При неправилно ракување со двете седишта може да дојде до оштетување на механизмот за подесување на потпирачот за грб. Производителите на тие седишта се информирани за тој недостаток. Но во случај ако поседувате таков модел, не мора да брзате за нивна замена. Двете седишта се погодни за деца на возраст од четири и повеќе години.

ПОВТОРНО И ОВАА година доминираат ротирачките седишта, односно седиштата што можат да ротираат за 360 степени. Тие се особено практични бидејќи го олеснуваат прицврстувањето на детето, но потешки се од другите.

Понекогаш овие седишта добиваат оцена од „добро“ до „задоволително…

Послабите оцени најмногу се однесуваат на веќе споменатата „злоупотреба“, односно на неправилната употреба. Бидејќи ова се седишта што можат да се користат и во правец на патување и спротивно на правецот на патување, особено е важно следново: детето мора да се транспортира, односно превезува свртено наназад сè до возраст од 15 месеци. Само на овој начин може да се искористи целокупниот безбедносен потенцијал на седиштето.

Импулсот за вртење на малите деца е голем, особено кога можат да одат, а со валканите чевли брзо го валкаат задното седиште. Наша препорака е да купите заштитна подлога и да не го вртите седиштето прерано во насока на патувањето. Оваа година ново во групата седишта е седиштето Avionaut Sky 2.0. Покрај моделот на седиште BeSafe Stretch B, и тоа седиште е модел на ребоандер седиште што може да се врзува само со безбедносниот појас на возилото.

Мала мана на двете седишта е во следново: Тие се големи и поради нивната големина мора да се инсталираат свртени кон задниот дел. Ова го зголемува ризикот од неправилно ракување, обично е понепријатно за постарите деца и го отежнува нивното качување. Некои седишта имаат чудни странични делови што се преклопуваат или ротираат (1 слика лево). Доколку е достапен таков страничен дел, безбедносниот појас дефинитивно треба да се прошири – од страната свртена кон вратата на возилото.

Овие странични делови помагаат седиштето да се движи заедно со возилото и важни се во случај на страничен удар. Оваа година во асортиманот се враќа корпата за носење. Седиштето Joie’s Calmi нуди добра опција за транспорт на бебиња во лежење, дури и за предвреме родени бебиња. Тој е прикачен на задното седиште со соодветна основа.

СИТЕ ДЕТСКИ СЕДИШТА се означени со одредени стандарди. Покрај новиот стандард UN RI29, во моментов на сила е и претходниот стандард UN R44/04. Седиштата означени со него може да се продаваат до септември 2024 година.

 

 

Марка Joie Joie Joie Nuna Joie Bugaboo
Ознака за тип i-sung 2+ i-base
Advance
I Snug 2 Calmi+ I-base
Encore
Arra next+
Base next
I-harbour+ i-base
Encore
Owl by Nuna
+360 Isofix base
by Nuna
Насока на
поставување
наназад наназад накосо наназад нанапред и
наназад
нанапред и
наназад
ЕCE-класа 40-75 cm 40-75 cm 40-70 cm 40-85 cm 40-105 cm 40-105 cm
Тежина
седиште/
основа во kg
3,7/7,5 3,2 3,4/7,1 4,2/7,1 7,5/7,1 7,3/7,1
Цена [€] 268 119 468 538 458 648
Безбедност 1,5 1,5 2,4 1,7 1,6 1,7
Употребливост 2,0 2,5 1,9 1,8 2,4 2,9
Ергономија 2,0 2,0 2,3 2,1 2,0 1,9
Контрола на
штетни материи
1,0 1,0 1,0 1,0 1,0 1,7
Препорака од
клубот
Добар Добар Добар Добар Добар Добар

 

Марка Britax
Römer
Besafe Avionaut Britax
Römer
Maxi-cos Besafe
Ознака за тип Dual fix + Stretch B Sky 2.0 Dula fix M Plus Mica eco i-size iZi Twist M
Насока на
поставување
нанапред и
наназад
наназад наназад нанапред и
наназад
нанапред и
наназад
наназад
ЕCE-класа 40-105 cm 40-125 cm 40-125 cm 61-105 cm 61-105 cm 61-105 cm
Тежина
седиште/
основа во kg
12,2 12,5 10,4 12,2 14,4 14,6
Цена [€] 429 799 419 399 380 Ab 699
Безбедност 2,1 1,2 1,8 2,1 2,1 1,5
Употребливост 2,7 3,9 4,1 2,6 2,9 2,9
Ергономија 2,1 2,1 2,8 2,1 2,1 2,1
Контрола на
штетни материи
1,0 1,0 2,7 1,0 1,0 4,6
Препорака од
клубот
Добар Задоволителен Задоволителен Добар Задоволителен Недоволно

 

 
Марка Recaro Cybex Nuna Swandoo Britax Römer Britax Römer
Ознака за тип Salia 125 Kid Solution G i-Fix Aace LX Charlie Discovery Plus Adventure Plus
Насока на
поставување
нанапред и
наназад
нанапред нанапред нанапред нанапред нанапред
ЕCE-класа 61-125 cm 100-150 cm 100-150 cm 100–150 cm 100-150 cm 100-150 cm
Тежина
седиште/
основа во kg
14,4 7,5 7,2 6,6 6,1 5,2
Цена [€] 420 199 249 269 179 129
Безбедност 2,7 1,9 1,9 2,1 2,1 2,2
Употребливост 3,3 1,6 1,8 1,6 3,0 3,0
Ергономија 2,8 1,8 1,8 1,9 2,0 1,9
Контрола на
штетни материи
1,0 1,0 1,0 1,0 1,0 1,0
Препорака од
клубот
Задоволителен Добар Добар Добар Задоволителен Задоволителен

 

Информации, преглед на достапност и цени на следниве адреси:

• www.oeamtc.atikindersitz

• www.oeamtc.atikindersitztests

• www.oeamtc.at/shop

За целокупна оценка важи следново:

0,6-1,5 Одличен 1,6-2,5 Многу добар 2,6-3,5 Добар 3,6-4,5 Доволен 4,6-5,5 Недоволен

 

 

Превземено од ÖAMTC

ПОВРЗАНИ СТАТИИ