БИДЕЈЌИ БЕЗБЕДНОСТА НА ДЕЦАТА ЗА ÖAMTC Е ЕДЕН ГОЛЕМ ПРЕДУСЛОВ. БИДЕЈЌИ НЕ СТАНУВА ЗБОР САМО ЗА ТОА КОЈА БОЈА Е ДЕТСКОТО СЕДИШТЕ. АКТУЕЛНО: 24 МОДЕЛА НА ТЕСТ ОД МНОГУ ДОБРИ ДО ОТРОВНИ.
Техничарите на ÖAMTC се во постојан судир со осудувања кога ќе дојде до тестирање на детските седишта. Ретко се среќава една оценка со „одлично“, а нагласеното „не задоволува“ може да се најде речиси во секоја табела со резултати од согледувањата во врска со детските седишта.
Сепак, се појавува и едно контрапрашање: Зар безбедноста на децата не би требало да го има најголемиот приоритет и тестот да биде многу повеќе од тоа да претставува само една банална проверка на фактите на дефиниран минимален стандард?
Овде ставот на ÖAMTC е многу јасен: Кога станува збор за темата „безбедност на децата“, нема простор за компромиси, притоа недостатоците при тестовите на удар се строго поставени, како и најмалите забележувања при проверките на материјалите од кои се направени. И кај Chicco Qasys i-Size e утврден недостаток (сигурносниот појас се извлече од зацврстувањето на бебешкото легло, куклата излета неконтролирано во внатрешниот простор), а дополнително врз основа на ова ја доби оценката „не задоволува“ како јасно предупредување за производот.
Во овој контекст не смее да остане неспомената и острата реакција на италијанскиот производител, кој ја запре дистрибуцијата и го доработи таканаречениот дефектен дел од детското седиште.
Но што ќе се случува со оние што веќе го купиле производот: во меѓувреме Chicco им понуди слободна и бесплатна замена на дефектниот дел.
Марката не ве заштитува од недостатокот. Така би можела да се опише и дилемата за Maxi-Cosi. По повторувањето на грешката ја доби оценката „не задоволува“ бидејќи кај еден негов производ (сега модел ТобиФикс) беше утврдено силно зголемено оптоварување со штетни материи на материјалот од кој е изработено седиштето.
Конкретно станува збор за запаливото средство TCPP што важи за канцерогено и многу опасно. Ова е голем недостаток ако се погледне на единствената оценка „одличен“ во овој тест. Всушност, бебешката лулка Jade добива производ од куќата Maxi-Cosi.
Најдобро би било кога би доделувале само одлични оценки. Но сега лошите оценки укажуваат на тоа колку се битни нашите тестови.
Stefan Kerbl, ÖAMTC-Техничко лице
Марката „Reboarder“ – ја смени оценката од „добар“ до „задоволува“
Драги читатели, ако сѐ уште се двоумите околу темата детско седиште, ја препорачуваме веб-страницата на ÖAMTC каде што може да погледнете и да си ги решите дилемите www.oeamtc.at/kindersitz.
Од друга страна, пак, може да ви предложиме да посетите некое од нашите седишта и работите да ви станат повеќе од јасни. Таму на самото место ќе ви ги разјасниме сите небулози со кои се соочувате, особено околу поимите Isofix, Top Tether, i-Size и др. Истовремено ќе добиете многу информации за темата детски седишта (и не заборавајте дека со децата ќе откриете еден цел нов универзум што досега не сте го знаеле). Името „Reboarder“, всушност, е уметнички збор, односно поим што влегол во употреба за детските седишта што се свртени наназад. Ако седиштето е Reboarder, тогаш можете да ја погледнете табелата и да ја земете предвид, а под секој назив на седиштето е даден видот на поставеност на седиштето.
Шест добри седишта Reboarder беа ставени на тест (Cybex Sirona, Z i-Size, Sirona Z R i-Size, Nuna Norr, Besafe izi Modular i-Size, Maxi Cosi Pearl Pro I Size, Peg Perego Viaggio FF 105). На пример, Hy5.I TT и Britax Römer Max Way во вистинска смисла на зборот ја пропуштија добрата оценка од „добро“, односно „задоволува“. Уште полошо е што е презентирана опасноста од недостиг на услужливост.
Maxi Cosi Titan Pro е седиште што е позиционирано напред. Тоа не е многу убедливо при тестовите на судар бидејќи техничарите од ÖAMTC се соочија со просечен ризик од повреда. Моделите на Britax Römer (Advansafix IV R, Kidfix III M, Adventure) покажаа дека напред позиционираните седишта не се секогаш безбедни, а нивните оценки во рубриката безбедност стојат на ниво на споредба со Reboarder. •
ÖAMTC КРИТЕРИУМИ | ||||||
МАРКА | Maxi-Cosi | Maxi-Cosi | Maxi-Cosi | Maxi-Cosi | Peg-Perego | Cybex |
ИМЕ НА ТИПОТ НА СЕДИШТЕ | Jade+3WayFix | PebblePro Isize | PebblePro Isize + 3WayFix | PebblePro Isize + FamilyFix One | Primo Viaggio ISize + ISize Base | Cloud Z ISize |
ПОПРЕЧНО | НАНАЗАД | НАНАЗАД | НАНАЗАД | НАНАЗАД | НАНАЗАД | |
ECE КЛАСА | I-SIZE 40-70 CM | I-SIZE 45-75 CM | I-SIZE 45-75 CM | I-SIZE 45-75 CM | I-SIZE 40-83 CM | I-SIZE 45-87 CM |
ТЕЖИНА НА СЕДИШТЕ/ ВО КГ | 5,9/7,4 | 4,4 | 4,4/7,4 | 4,4/7,4 | 4,7/5,4 | 5,1 |
ЦЕНА ВО ЕВРА | 419,90 | 229,90 | 429,80 | 409,80 | 369,- | 259,90 |
БЕЗБЕДНОСТ | 1,2 | 1,5 | 1,7 | 1,8 | 1,4 | 1,4 |
УСЛУЖЛИВОСТ | 1,7 | 1,9 | 1,8 | 1,8 | 1,8 | 2,1 |
ЕРГОНОМИЈА | 2,5 | 1,9 | 2,1 | 2,1 | 1,9 | 1,6 |
ТЕСТ НА ШТЕТНИ МАТЕРИИ | 1,0 | 1,6 | 1,6 | 1,6 | 2,2 | 1,0 |
ПРЕПОРАКА | ОДЛИЧНО | МН.ДОБРО | МН.ДОБРО | МН.ДОБРО | МН.ДОБРО | МН.ДОБРО |
ÖAMTC КРИТЕРИУМИ | |||||
МАРКА | Cybex | Avionaut | Avionaut | Nania | Chicco |
ИМЕ НА ТИПОТ НА СЕДИШТЕ | Cloud Z ISize + Baze Z | Pixel | Pixel + IQ Base | Beone SP | Oasys ISize Bebecare + ISize Baze |
НАНАЗАД | НАНАЗАД | НАНАЗАД | НАНАЗАД | НАНАЗАД | |
ECE КЛАСА | I-SIZE 45-87 CM | I-SIZE 40-86 CM | I-SIZE 40-86 CM | 0+ | I-SIZE 40-78 CM |
ТЕЖИНА НА СЕДИШТЕ/ ВО КГ | 5,1/7,7 | 2,9 | 2,9/6,7 | 3,1 | 5,7/7,6 |
ЦЕНА ВО ЕВРА | 459,90 | 219,- | 398,- | 49,99 | |
БЕЗБЕДНОСТ | 1,6 | 1,8 | 1,9 | 2,5 | 5,5 |
УСЛУЖЛИВОСТ | 2,1 | 2,3 | 2,4 | 2,1 | 2,1 |
ЕРГОНОМИЈА | 1,7 | 1,7 | 1,9 | 1,7 | 1,6 |
ТЕСТ НА ШТЕТНИ МАТЕРИИ | 1,0 | 2,9 | 2,9 | 2,2 | 1,6 |
ПРЕПОРАКА | МН.ДОБРО | МН.ДОБРО | МН.ДОБРО | МН.ДОБРО | НЕ ЗАДОВОЛУВА |
0: 0-9 kg 0+: 0-13 kg I: 9-18 kg II: 15-25 kg III: 22-38 kg
Препораката на ÖAMTC се темели на вкупната оценка која е добиена од измерените поединечни оценки.
*Пресметка на вкупната оценка поради слабости во заштитата при несреќа.
За целокупната оценка важи следново:
0,6-1,5 Одличен 1,6-2,5 Многу добар 2,6-3,5 Добар 3,6-4,5 Доволен 4,6-5,5 Недоволен
ÖAMTC КРИТЕРИУМИ | ||||||
МАРКА | Cybex | Cybex | Nuna | Nachfolger | Besafe | Maxi Cosi |
ИМЕ НА ТИПОТ НА СЕДИШТЕ | Sirona Z R + ISize + BASE Z | Sirona Z + ISize + BASE Z | Norr | HY5.1 TT | Izi Modular RF ISize + Izi Modular Base | Pearl PRO ISize+3 |
НАНАЗАД | НАНАПРЕД/НАНАЗАД | НАНАЗАД | НАНАЗАД | НАНАЗАД | НАНАПРЕД/НАНАЗАД | |
ECE КЛАСА | I-SIZE 45-105 CM | I-SIZE 45-105 CM | I-SIZE 40-105 CM | 0/I | I-SIZE 61-106 CM | I-SIZE 67-105 CM |
ТЕЖИНА НА СЕДИШТЕ/ ВО КГ | 7,4/7,7 | 7,4/7,7 | 15,1 | 4,7 | 8,1/6,7 | 7,6/7,4 |
ЦЕНА ВО ЕВРА | 519,90 | 519,90 | 449,95 | 349,95 | 389,- | 449,80 |
БЕЗБЕДНОСТ | 1,5 | 1,9 | 2,0 | 1,9 | 1,6 | 2,4 |
УСЛУЖЛИВОСТ | 2,4 | 2,4 | 2,5 | 3,2 | 2,5 | 2,1 |
ЕРГОНОМИЈА | 1,9 | 1,9 | 2,0 | 2,2 | 1,9 | 2,4 |
ТЕСТ НА ШТЕТНИ МАТЕРИИ | 1,0 | 1,0 | 1,0 | 1,0 | 1,0 | 1,0 |
ПРЕПОРАКА | МН.ДОБРО | МН.ДОБРО | МН.ДОБРО | ДОБРО | МН.ДОБРО | МН.ДОБРО |
ÖAMTC КРИТЕРИУМИ | |||||||
МАРКА | Peg Perego | Maxi Cosi | Britax RÖMER | Britax RÖMER | Maxi Cosi | Britax RÖMER | Britax RÖMER |
ИМЕ НА ТИПОТ НА СЕДИШТЕ | Viaggio FF105 +ISize Base | Tobifix | Max -Way Plus | Advansafix IV R | Titan PRO | Kidfix III M | Adventure |
НАНАПРЕД | НАНАПРЕД | НАНАЗАД | НАНАПРЕД | НАНАПРЕД | НАНАПРЕД | НАНАПРЕД | |
ECE КЛАСА | I-SIZE 71-105 CM | I | I/II | I/II/III | I/II/III | II/III | II/III |
ТЕЖИНА НА СЕДИШТЕ/ ВО КГ | 7,5/5,4 | 10,9 | 7,4 | 11,0 | 12,4 | 7,3 | 3,9 |
ЦЕНА ВО ЕВРА | K.A. | 229,90 | 349,90 | 299,90 | 299,90 | 299,90 | 79,90 |
БЕЗБЕДНОСТ | 2,7 | 2,3 | 1,9 | 2,3 | 3,0 | 1,7 | 2,6 |
УСЛУЖЛИВОСТ | 2,4 | 2,0 | 4,3 | 2,3 | 2,0 | 1,7 | 1,4 |
ЕРГОНОМИЈА | 1,7 | 2,0 | 3,0 | 1,9 | 1,9 | 2,3 | 1,7 |
ТЕСТ НА ШТЕТНИ МАТЕРИИ | 1,7 | 4,6 | 1,6 | 1,0 | 1,0 | 1,0 | 1,6 |
ПРЕПОРАКА | МН. ДОБРО | НЕ ЗАДОВОЛУВА | ЗАДОВОЛУВА | МН.ДОБРО | ДОБРО | МН.ДОБРО | МН.ДОБРО |
Изборот на детско седиште зависи од два суштински критериуми: Дали му одговара на детето и дали му одговара на автомобилот? На тоа внимаваме при секое давање на совет.
Andreas Richter, ÖAMTC
Одлична бебешка школка
На тестот одлична оценка добива само оној модел што не си дозволува слабости, односно недостатоци. Јасно е дека многу ретко се доделува најдобра оценка. Затоа еден голем аплауз за бебешката школка од Jade (Isofix Basis) од Maxi Cosi што може да поднесе и голема тежина.
Научија од грешките
Претходната година моделот Ну5 ТТ падна многу ниско бидејќи оптоварувањето со штетни материи беше на многу високо ниво. Но како позитивно може да се земе тоа дека австрискиот производител ја прифати критиката со отворено срце и спроведе подобрување. При проверката на штетни материи годинашниот модел ја доби оценката „одличен“. Големо браво за нив и благодарност.
Безбедност- не задоволува
Задолжените за тестови од ÖAMTC ја тестираа безбедноста кај Chicco Oasys и дојдоа до заклучок дека такво нешто не би смеело да се случи, односно се скрши еден пластичен клип и пластичната кукла се исфрли. Производителот Chicco реагираше и го повлече производот од продажба.
Reboarder со слабости
Наназад поставените седишта се нарекуваат reboarder и тие ја имаат предноста во однос на тоа дека во случај на незгода децата се побезбедно прицврстени. Но се случи и тоа Britax Romer Max Way Plus да укаже на недостатоци при конструкцијата и услужливоста.