Шармот на Тоскана во неговото најдобро издание-ВРАЌАЊЕ НА СТАРИОТ ЉУБОВНИК…

16/04/2021

Животот во Тоскана сам по себе претставува своевидна идила – таму деновите „течат“ со сосема поинакво темпо, поканувајќи нè да уживаме во секој миг што доаѓа и проаѓа.

 Доколку навистина сакате да ја запознаете Тоскана со целата нејзина привлечност, ви предлагаме да посетите една прекрасна вила – хотелот Монтеверди, каде што Вес Андерсон го напиша „The Grand Budapest Hotel“. Скриена во малото село Castiglioncello del Trinoro, со поглед на Val d’Orcia (природен резерват), вилата ќе ви понуди многу приватност, избегнувајќи да ја задоволите жедта за љубопитност на околните соседи.

Мајкл Киофи, основач на империјата која сега е познат како Монтеверди Тоскана, се заљубил во Италија многу поодамна, пред да стапне, првпат, во средновековното село Castiglioncello del Trinoro. Тој го опишува своето враќање како „враќање кај стариот љубовник, кој е малку извалкан. Го најдов ова место на тишината, идеално за размислување, зборување, уметност и за наука“. Инспириран од убавината што ја запознал, тој решил да обнови мал дел од селото, користејќи ја привлечноста на природната околина и богатата култура и историја како свој наратив.

Со помош на дизајнерката Иларија Мијани, позната по реставрацијата на некои од најубавите напуштени италијански скапоцени камења на архитектурата, тој го (до)изградил хотелот Монтеверди, искористувајќи остатоци на стари, оригинални градби. Со цел да се зачува неговата автентичност, што е главната атракција на овој локалитет, Мијани избегнал да ја употреби фолклорноста во реставрацијата и, секако, туристичките клишеа во Италија, но затоа, пак, ја искористил старата техники на градење за повторно да го оживее селото и да ја зачува неговата стара слава.

Денес овој имот се состои од три објекти, осумнаесет соби (повеќето се „бутик“, има неколку луксузни и неколку апартмани), секоја со свој оригинален распоред на просторот, комбинација на старо и модерно, потоа спа-центар од светски ранг, голем базен, кулинарска академија, уметничка галерија итн. Таваните на собите се украсени со греди, кои истовремено ги придржуваат, стари неколку векови, а неколкуте странични ѕидови потекнуваат уште од средниот век, остатоци на старите градби. На пример, еден луксузен апартман има камин (кој функционира, се разбира) и дворно место од двесте квадратни метри. Друга просторија, пак, има бакарна када од осумнаесеттиот век, трета нуди непречен поглед на планината Cetona, Radicofani и на the Val d’Orcia.

Монтеверди, исто така, нуди резиденцијална програма за уметници и научници, внесувајќи дополнителен здив на животот во овој дел од светот. И додека Монтеверди е идилично место за релаксација и обновување на енергијата, Киофи ги охрабрува гостите да учествуваат во програмите што ги нуди одморалиштето, за дополнително да го подобрат нивното искуство кога е престојот во прашање и да ги активираат нивните сетила.

„Тоа е како да се повлекуваш назад во времето“, објаснува Киофи, обидувајќи се да ја долови убавината на малото село. И навистина, кога ќе ја погледнете галеријата, ќе сфатите дека тој е целосно во право. „Кога првпат ќе влезете во вашата соба и ќе ги тргнете рустикалните завеси, соочувајќи се со неверојатниот поглед, свртени кон него, ќе почувствувате мир, во комбинација со неприкосновена возбуда. Ви предлагаме, пред да се вратите во вашиот дом, да не заборавите да го посетите спа-центарот во рамките на хотелот и да изберете третман со бања во травертинска када со поглед на Val d’Orcia – сигурни сме дека токму тогаш ќе разберете зошто сте пропуштиле да патувате сите овие години.“

 

Игор Ландсберг

ПОВРЗАНИ СТАТИИ