„СЕМЕЈНИ ТАЈНИ“ ЛИЈАН МОРИЈАРТИ-„BLUE ELECTRIC LIGHT“ LENNY KRAVITZ-„ARTHUR THE KING“ (КРАЛОТ АРТУР)

12/07/2024

 

ЧИТАЈ СЛУШАЈ ГЛЕДАЈ
„СЕМЕЈНИ ТАЈНИ“
ЛИЈАН МОРИЈАРТИ
„BLUE ELECTRIC LIGHT“
LENNY KRAVITZ
„ARTHUR THE KING“
(КРАЛОТ АРТУР)
С емејството Делејни многу се сакаат само што понекогаш им доаѓа да се испоубијат меѓу себе… Доколку исчезне твојата мајка, дали ќе пријавиш во полиција? Дури и ако најочигледниот осомничен е твојот татко? Ова е дилемата со која се соочуваат четворицата возрасни браќа и сестри Делејни. Делејни се столб во својата заедница. На родителите, Стен и Џој, им завидуваат сите пријатели. Тие се „убијци“ на тенискиот терен, а надвор од него, нивната хемија е речиси опиплива. Но, по педесет години брак, тие конечно ја продаваат тениската академија и се подготвени да почнат да ги живеат златните години од нивните животи. Тогаш зошто Стен и Џој се чувствуваат толку мизерно? Нивните деца Ејми, Логан, Трој и Брук  биле тениски ѕвезди во детството, но, според нивниот татко, никој од нив го немал она што е потребно за да оди докрај. Подоцна, откако ќе исчезне Џој, полицијата ја испрашува единствената личност која преостанува: Стен. Двајца од децата Делејни мислат дека татко им е невин, а двајца не се толку сигурни. Двете спротивставени страни го имаат најголемиот меч кога било, да ја преиспитаат семејната историја во едно ново светло. На овој роман е базирана ТВ-серијата „Ејплс невер фол“ на платформата Пикок. По двете гостувања (првото во 2008-ма, второто во 2019-та), врвниот американски музичар ќе нè почести со своето присуство и годинава, на 4 август. Концертот во Охрид ќе биде и своевидна промоција на дванаесеттиот студиски албум што го претстави пред јавноста минатиот месец, на 24 мај. Издавач секако е „Roxie Records“, сопственост на Лени Кравиц именувана по неговата покојна мајка, во соработка со германската „BMG Rights Management“, одговорна за дистрибуција во Европа. „Blue Electric Light“ е снимен во неговото студио на Бахамите каде што е резидент. Освен гитаристот Craig Ross, нема други музичари. На останатите инструменти свири самиот. Лени Кравиц е познат како мулти-инструменталист. На албумот му претходеа 2 сингла: „TK421“ објавен на 13 октомври, заедно со видеоспот и „Human“ промовиран во „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“ на 22 март. Другите 10 песни се насловени „It’s Just Another Fine Day (In This Universe of Love)“, „Honey“, „Paralyzed“, „Let It Ride“, „Stuck in the Middle“, „Bundle of Joy“, „Love Is My Religion“, „Heaven“, „Spirit In My Heart“ и „Blue Electric Light“. Албумот требаше да биде промовиран на 15 март, но пролонгирањето се врзува со името на Bayard Rustin (активист) и почитта кон него. 107-минутниот американски филм се базира на вистинит настан опишан и во мемоарите на Швеѓанецот Mikael Lindnord, инаку поранешен атлетичар (елитен): „Arthur – The Dog Who Crossed the Jungle to Find a Home“. Водачот на големите авантуристи за време на трката со која всушност се мерела издржливоста на луѓето, поради нејзината должина од 435 милји (700 километри), во 2014-та се спријателил со бездомното куче Артур чија поврзаност била толку емотивна што го следел постојано. Филмот е снимен во Доминиканска Република и покрај тоа што случувањето било во Еквадор. Наводно се водат и спорови бидејќи кучето имало сопственик. Главната личност и во книгата и во филмот не се двоумел воопшто дали да го спаси Артур од разјадувачкиот заб на соленото море (бацилите кои му го нападнале телото), по цена и на доживување пораз. Не го послушал ни ветеринарот да му одобри евтаназија…

Жанр: авантура Актери: Mark Wahlberg, Simu Liu, Juliet Rylance, Nathalie Emmanuel, Ali Suliman, Bear Grylls, Paul Guilfoyle, Rob Collins Режија: Simon Cellan Jones.

 

ПОВРЗАНИ СТАТИИ