Минатата година на Салонот за автомобили во Токио беше претставен како концепт, а годинава веќе е подготвен за сериско производство. Тоа е купе сув моделот „арија“ со должина од 4,6 метри. По моделот „лиф“, ова е второто целосно електрично возило од семејството Нисан. Според димензиите, возилово ѝ припаѓа на класата „ц“.
Употребата на новите технологии и течнички решенија го сторија своето. Возилото со едно полнење на батериите може да измине дури 600 км. Изведбата со 217 КС забрзува од 0 до 100 км/ч за 7,5 секунди, а најубедливиот со забрзувањето, 5,1 секунда поседува скромни 394 КС кои се пренесуваат до сите тркала „е-4орс“.
Ценовно ќе биде над моделот „лиф“, затоа што е „сув“ и затоа што има нови техничко технолошки решенија. Првите количини од возилото се очекуваат следната година, на почетокот или на средината, зависи за кој пазар се наменети.
Како надополнување на текстов, ќе ја кажеме и следната новина од Нисан – од летово компанијата ќе го користи новото лого. За обичното човеково око, измените се неприметливи, но тие што се бават со дизајн и слично, ќе ги забележат измените. Дигитализација во производството и производите – редизајнот на логото најмногу ќе биде приметливо по тоа што во вечерните часови ќе свети. Паралелно со „арија“, новото лого ќе биде вградено и во моделот „магнит“.