Претседателот и извршен директор на Нисан, Макото Учида кон крајот на септември лично го претстави концептот „20 23“. Да, името на концептот нѐ потсетува дека сме во 2023 година, но четирите цифри се поделени со цртичка. „20“ ја означува годишнината од започнување со работа на европскиот дизајнерски оддел, а „23“ вели дека сето тоа се случува во 2023 год.
Концептите како по правило ја претскажуваат иднината односно ја најавуваат, па така е и со концептот „20-23“. Како што приметувате од фотографиите, „нисан 20-23“ е комбилимузина со две врати и со облик кој многу потсетува на тркачките автомобили од туристичката класа. Ако „нисан 20-23“ е иднината на дизајнот од оваа марка, тогаш со сигурност можеме да кажеме дека Нисан се свртува кон агресивниот, кон спортскиот, кон дизајнот што најмногу им е допадлив на младата популација возачи, но и кон тие што го почитуваат спортско агресивниот облик. Отворањето на вратите е како да се показалкина часовник, не се отвораат крилно, туку како да ротираат околу шарките. И да,погонот е целосно електричен.
Сиот облик на концептот е во служба на аеродинамиката и во служба на ладењето на деловите од автомобилот кои се загреваат кога се вози. Ваквиот дизајн е наречен како употреблив дизајн и е целосно во служба не само на автомобилот, туку и да биде допадлив за човековото око. Овој дизајн нема наскоро да излезе на асфалтот, односно ќе собира прашина во некое музејско депо. Ако „нисан 20-23“ со својот зачудувачки дизајн влезе во сериско производство, неизвесно е како ќе биде виден од очите на случајните минувачи.
Можеби слично како што реагираа присутните на Салонот за автомобили во Женева за време на првичното претставување на „ламборџини каунтачот“. Неговиот аглест облик, линии во сопственост на студиото Бертоне, односно МарчелоГандини. Новата „микра“? Се надеваме новата „микра“ ќе има сопствен облик со линија многу слична или иста со концептот „20-23“ и нема да биде копија на „ рено клио“ како што е тоа случајот со Митсубишии неговиот нов „колт“. Зошто напишавме така? Затоа што сите тие се дел од алијансата Рено Нисан Митсубиши.