Мини Џон Купер Вркс ГП – Најбрзиот модел во историјата на брендот

02/04/2019

Како што одат работите во таборот на Мини, следно на список е ултра изведбата од моделот „џон купер вркс гп“. Тоа последното во ознаката, „гп“ е нешто како „гран при“. И сега кога нештата ја добиваат наставката „гран при“ тоа значи највисоко скалило во семејството. Сегашната изведба од моделот „џон купер вркс“ е во доработка која треба да резултира со наставката „гп“. Ова изведба забрзано се подготвува да биде прикажана како концепт, а потоа, во 2020 година, да биде прикажана како сериски автомобил за кога е закажана и продажбата. Британците, инаку во целосна сопственост на BMW изјавија дека концептот е инспириран од победите на трките во Монте Карло кон крајот на седумдесетите години. Суровата спортска изведба во себе ќе носи повеќе карбонски од метални површини, за да се добие што помала тежина и подобрена аеродинамика, најмногу со посебните спојлери.

Претходната изведба „џон купер вркс гп“ беше лансирана во 2012 година со 1,6 литарски турбо мотор и 218 КС, а во наследникот конструкторите планираат да вградат мотор со 300 коњски сили. Тие 300 КС според планот ќе бидат вградени во секој еден од 3.000 примероци, тоа значи новиот „џон купер вркс гп“ ќе биде произведен во ограничена серија. Моделот од 2012 година беше произведен во 2.000 примероци.

ПОВРЗАНИ СТАТИИ