McLAREN-Јубилеен модел во чест на победата

08/07/2020

Компанијата „Мекларен“ е една од ретките чии автомобили за првпат учествувале на легендарната трка 24 часа Леман и воедно победиле. Таквата комбинација е премногу ендемична и затоа  компанијата се посебно горди на овој успех на патеката Сарте.

Редно е да го спомнеме победничкиот автомобил „мекларен ф 1 гтр“ кој во 1995 година за време од 24 часа извозел најмногу кругови, а тоа значи искачување на првото место на подиумот и титулата во џеб.

Во чест на 25. годишнината од победата, Мекларен подготви 50 јубилејни автомобили  модел „720 с леман спешл едишн“. Во понуда се две бои, меклареновата портокалова, неговиот заштен знак од боја и сива „сарте“. Моторот кој ќе биде вграден во автомобилот има осум цилиндри распоредени во V со вкупна работна зафатнина од 4,0 литри. Со помош на двоен турбо компресор, механичкиот сколоп располага со 720 кс доволни за крајни + 340 км/ч и од 0 до 100 км/ч за 2,9 секунди.

Само 50 купувачи ќе имаат привилегија да го поседуваат овој  јубилен примерок и сигурно тие купувачи се веќе познати и долгогодишни клиенти на Мекларен. Цената на еден примерок изнесува скоро 300.000 евра, односно точно 284.771 евро.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ