ЛУКСУЗ НА ЖЕЛЕЗНИЧКИ ШИНИ

20/03/2022

И ВИРУСНАТА, ОДНОСНО ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19 И ОРУЖЕНИТЕ КОНФЛИКТИ НÈ НАУЧИЈА ДА ГЛЕДАМЕ ПОИНАКУ НА ЖИВОТОТ, ДА ГИ ОДВОИМЕ БИТНИТЕ ОД НЕБИТНИТЕ, ВАЖНИТЕ ОД НЕВАЖНИТЕ РАБОТИ, ДА УЖИВАМЕ ВО НЕШТАТА КОИ НÈ ПРАВАТ СРЕЌНИ, А ЕДНОВРЕМЕНО ГИ БУДАТ ЕМОЦИИТЕ, БЛАГОРОДНИТЕ И ОСТАНАТИТЕ ПРИЈАТНИ ЧУВСТВА. ВРЕМЕТО Е НАШАТА РЕАЛНОСТ, ФАКТИЧНА СОСТОЈБА. И ПОКРАЈ ТОА, НЕ СМЕЕМЕ ДА ИМ СЕ ПОКОРИМЕ НА ПЕСИМИСТИЧКИТЕ ВИЗИИ, ТУКУ ДА ГЛЕДАМЕ ОПТИМИСТИЧКИ, ПА И КОГА СЕ РАБОТИ ЗА ОЧЕКУВАЊАТА. МОЖЕМЕ И ДА СОНУВАМЕ, ФАНТАЗИРАМЕ ДО НЕКОИ ДРУГИ, ПОДОБРИ ВРЕМИЊА, КОГА ЌЕ СИ ДОЗВОЛИМЕ И ПАТУВАЊЕ СО ЛУКСУЗНИОТ ROYAL SCOTSMAN БЕЗ ДА НÈ ГРИЗЕ СОВЕСТА. И ОВОЈ, КАКО И ОСТАНАТИТЕ ВОЗОВИ НА BELMOND, ГО КАРАКТЕРИЗИРА НЕ САМО „ЦАРСКА“, ТУКУ И МОЌ ДА НÈ ИМПРЕСИОНИРА СО НЕГОВАТА „ДУША“

 

Освен за British Pullman, Venice SimplonOrient-Express и другите возови на Belmond, интересот за Royal Scotsman е, исто така, голем а негови патници се луѓе што ја обожаваат Шкотска, т.е. нејзините планински врвови, езерата со ефект на огледало, па и долините каде што се дворците или аристократските, богаташки резиденции. Но, патувањата им овозможуваат на гостите да се запознаат и со традициите, обичаите на Шкотите, односно Шкотланѓаните, и со легендите, митовите, а содржините или активностите од нивните програми се различни, усoгласени со маршрутите, од посетите на шкотските мануфактури каде што се произведува виски, но и дегустираат, вклучително и на дуќаните за производите на дестилационите процеси, т.е. дестилатите, надалеку прочуени, до прошетките во шумите и пукањата во глинените или керамичките гулаби. Секако, дел од времето е резервиран и за престој во самиот воз чија восхитувачка убавина произлегува од неговата оригиналност и ексклузивноста, се разбира додека лета со брзина што е пропишана и својствена за возови чија придавка е луксузни. А, вечерите на свеќи ја дополнуваат, незаобиколно и т.н. кејли (cèlidih, забава со пеење, свирење, танцување и раскажување приказни). Возот е пуштен во 1985-тата, значи дека 37 години функционира одлично. Патниците до 1990- тата престојувале во старите вагони, но славата не била ни малку поматена бидејќи архаичноста била доста ценета. Всушност, првите години се здобил со најголема популарност. Belmond ги заменил со Pullman коли (железнички), а реновирањето е всушност дело на James Park Associates, кое и денес е исто, непроменето. Изворот на вдахновението инаку е таканареченaта ера, односно периодот на Едвард (1901-1910 година) или поточно ентериерите на тогашните камени градби, пред сè замоците, но стилизирани. Лакираните дрвени панели, но и мебелот преслечен со платна во топли бои, му даваат посебен шарм, вклучително и парните тушеви кои придонесуваат и за негова, т.е. комфорност на приватните кабини. Royal Scotsman е крстен во 2007-та и оттогаш се воведуваат иновации, новини како неодамнешниот Bamford Haybarn Spa.

Имено, цел вагон е претворен во спа-центар кој е прв, единствен во светот. И таканаречената кола опсервер е многу посетена. Оттаму се гледа сè, погледот е спектакуларен, додека се ужива во некој пијалак, седнати на тросед или фотелја, но секогаш полна е и верандата. Колата опсервер е местото и каде што се прават вечерните забави. Приватните кабини се акомодирани, потсетуваат на дворците, а удобноста им е другото име. Првото е луксузот или раскошот сеедно. Шкотските платна се доминантни, особено тартанот чиј квалитет е висок, наизглед и убав. Ѕидовите наместа се украсени со рачно изработени слики. Еднокреветни, двокреветни, „близначки“ – поврзани меѓусебно за двајца и апартмани, со неколку простории за семејство, изборот навистина е голем. За леглата, нивната угодност не може да се има сомнеж. И покрај тоа што се отмени, префинети, собите располагаат и со тавански вентилатор, и со греење кое може да се подесува, и со плакар, и со држач на облека, и со мијалник, веце и туш, и со бели крпи што се променуваат секојдневно, и со фен, и со перници од пена и антиалергичен јорган, и со ватирана покривка за креветот, и со ѕвонец за повик на сервисот чии поволности се пресметани во цените, кои се различни согласно турите и деновите, односно времетраењето на патувањата. Цените варираат од 4.000 фунти (294.698 денари), 4.800, 5.500, 6.650, 7.000, 9.500 до 12.500 фунти (9.209,312 денари), од два, три, четири, пет до седум дена. Инаку, без оглед на вирусната пандемија (чии протоколи се задолжителни) и оружените конфликти, резервациите се направени, пребукирано е сè, до крајот на август. Притоа се посетуваат интересни места, градови, села.., дури може и да се плива во езерата, чистотата на планинските езера го нуди тоа. Целата содржина е осмислена убаво, за деновите на гостите да бидат исполнети максимално, а истовремено да се има време и за оддишка, во приватните кабини, додека пири ветрот заради отворените прозорци. Неоспорно уживање, идеално време за сонување и покрај грубата реалност. Па и во Bamford Haybarn Spa.

Освен ручекот на отворено, како дел од програмскиот концепт чии активности (веслање на брза вода, играње голф, дегустирање на виски, планетно истражување со астроном) знаат да бидат и напорни, да уморат, и оброците (утрински, пладневни, вечерни, па и меѓу) во ресторанскиот вагон се, исто така, искуствени, со придавката уникатни. Ресторанот инаку е обложен со махагон, а јадењата се приготвуваат со прехранбени, шкотски производи. Се послужуваат и вина и ликери и вискија од слад. Јадењата се кулинарски ремек-дела, од пердувест или крупен дивеч и морски плодови до чаден лосос. Екстраваганцијата е присутна и во деликатесните салати од гулаби, халибути (ретки видови риби)…

Десертите, пак, воодушевуваат и со изгледот, а вкусноста е несомнена. Впрочем, не може да биде инаква бидејќи подготовката е следена од шефот Марк Тамбурини со мишелин ѕвезда, но и тој е вклучен максимално бидејќи рецептите се всушност негови. За сезонските овошја и зеленчуци да бидат свежи, набавката се врши секој ден. Локалните пазарџии се и доставувачи на попатните станици. Нема промашување никаде, во секој поглед. И навечер, откога ќе заврши оброкот. Забавата е типична шкотска, со гајда. Шкотланѓанецот е, исто така, облечен традиционално, а здолништето му е амблемно. Присутен е постојано, ги дочекува гостите, патниците, но и се испраќа со нив. И да, вискито е задолжително и на доаѓање и кога си заминуваат. Се чува професионално и се точи од буре. Вообичаените здравици се однесуваат на патувањето, на стекнатите пријателства, со желба да го повторат и, пак да се видат.

 

Игор Ландсберг

ПОВРЗАНИ СТАТИИ