FIAT 500-КАДЕ ОДИ „ФИАТ 500“?

02/09/2024

Еден од најпродаваните модели на Фиат оди на заслужен одмор – пензија. Се појави пред 17 години, поточно во 2007 и досега добро се продаваше на европскиот пазар. Погодувате, тоа е моделот „500“, односно изведба на легендарното „чинквеченто“, чедото на надалеку познатиот дизајнер и педагог Данте Џијакоза.

Велат доста му е. Сепак да разјасниме. Ќе згасне производството на „петстотката“ (во оригинал „чинквеченто“), но само таа со мотор со внатрешно согорување, додека електричната, „500 е“, ќе се произведува и ќесе продава. Колку за информација, „фиат 500“ е најпродаваниот електричен автомобил на европско тло. Наместо обичниот „фиат 500“ на негово место доаѓа „фиат 500 хибрид“. Тоа е изведба со бензински мотор и умерена хибридна технологија. И уште една новост, ако може така да се нарече, спомнатата изведба се произведува дома, во фабриката Мирафјори во Торино, а не во Тичи, Полска. Најверојатно Фиат сака сѐ да врати дома поради неповолните движења во светската економија, а најмногу заради кревката состојба на автомобилска индустрија.

Уште еден модел покрај „петстотката“ оди во пензија, „пандата“, а на нејзино место доаѓа „гранде панда“. Практично, „фиат 500“ со ото и дизел мотор „си оди“, но две изведби остануваат, целосно електричната заедно со хибридната. Тоа е најновото од Фиат, некогашевропски број еден производител на автомобили, а денес нема претставник во ниската висока класа, односно сегментот „ц“, каде Фиат во најдобрите времињажареше и палеше. Има еден модел „типо“, кој е претерано поразличен од оригиналниот „типо“ и рака на срце не може со него да се „турка на рака“.

Сепак оригиналната изведба е врвот. „Гранде пандата“ од која челниците многу очекуваатсѐ уште не е стасана до купувачите, но добрите познавачи на автомобилската индустрија малку се скептични и велат дека сѐ ќе биде во рамките на просекот, со исклучок на домашниот пазар каде очекуваат „гранде пандата“ да биде најпродаваниот модел веднаш по појавувањето на пазарот.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ