Цитроен го задржа името, но концепциски разви сосема поинаков модел од тој од пред четири децении. Сепак конструкторите понудија несекојдневно возило, пред сè и над сè градско, а сега со неколку додатоци тоа исто концепт возило е претворено во возило наменето за летни прошетки на плажа, но и некаде во природа каде концептот може да совлада различни терени благодарение на преправките и теренските пневматици. Најнапред имавме типично градско возило на електричен погон, двосед со занимлив изглед кој според првичните известувања од производителот треба да чини 6.000 евра, а колку ќе чини багито сè уште е непознато.
И тоа за во градските гужви, и каргото, и ова наменето за летни шема прошетки во природа, поседуваат еден ист погонски агрегат, електричен, со кој возилото може да измине 75 километри, а потоа батеријата повторно оди на полнење. Осумте коњски сили се доволни возилото да постигне крајна брзина од 45 км/ч.
Е сега од „цитроен мај ами концепт“ конструкторите со помош на тридимензионални сечачи успеале да направат дополнителни делови со кои го преуредиле градското возило во баги и го претставија пред јавноста под името „цитроен мај ами баги концепт“.
Јавноста со право очекува сите изведби од концептот „мај ами“ да влезат во сериско производство. Обично, односно градско возило, потоа карго и сега баги. Крајно време е да видиме што чудо од двосед нуди Цитроен.