На средина од летово беше претставена втората генерација од моделот „номад“ во сопственост на марката Ариел. Тоа е несекојдневно возило, наменето за возење по речиси секакви терени. Нема класична кабина, туку просторот е отворен, нешто слично на изведбите наречени „баги“.
Возилото е хомологизирано и е за секојдневна употреба. Користи 2,3 литарски бензински мотор со турбо полнач со чија помош моторот има 305 КС, а силината е доволна за забрзување од 0 до 100 км/ч за само 3,4 сек. Отворен автомобил со толку снажен мотор, малку чудно, зарем не. Ако одиме според правилата на мотоциклистите, тогаш неопходно е да имате иста опрема како нив – заштитен шлем, јакна и пантолони (или комбинезон) кои не пропуштаат вода, а пропуштаат воздух, ракавици од ист материјал итн.
Втората генерација е поцврста, нејзината торзиона цврстина е зголемена за цели 60 отсто и користени се цевки со поголем дијаметар за изработка на ролбарот и делови од останатата конструкција, така што добивањето на цврстина е неминовно.
И за крај цената, скоро 70.000 фунти…