Некогаш името Алпин беше синоним за вистински тркачки автомобил – сопственикот на работилницата редовно ги преправаше сериските возила од марката Рено и со нив постигнуваше врвни резултати. Денес Алпин е во сопственост на Рено и се подготвува за првично претставување пред светската јавност на сув моделот „а 390 бета“. Средбата е закажана за 14 октомври, а место на одржување Париз, поточно Салонот за автомобили. Првата затемнета фотографија од „кросоверот“ е веќе прикажана и толку. Се надзира сув возило во профил и тоа е сѐ.
„Алпин а 390 бета“ е правена на основата наречена „цмф ев“ наменета за електричните возила, а сега ја сретнуваме во „рено меган е – тек“ и „нисан арија“. Во истото семејство подготвуваат и помал сув, исто така, електричен, „а 290“, правен на поевтината основа наречена „цмф – б ев“. На помалиот сув, продажбата треба да започне кон крајот на јануари и почетокот на февруари 2025 год. Всушност Алпин ќе биде луксузно спортска марка во семејството Рено Нисан Митсубиши, односно во јатото на Рено.
Друго ништо не ни преостанува туку да го дочекаме 14 октомври и да го проследиме во живо првото претставување пред светот на возилото „алпин а 390“.