КАМПАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПАТИШТАТА ВО УЧИЛИШНИТЕ ЗОНИ

02/09/2024

Додека децата се подготвуваат за нова училишна година, FIA Region I ја започнува својата годишна кампања за безбедност на патиштата, потсетувајќи ги возачите да останат внимателни околу училишните зони.

Децата ги немаат истите когнитивни способности како возрасните, не можат да ја согледаат брзината на автомобилот реално и лесно може да им се одвлече вниманието од околината. Овогодинешната кампања е потсетник за возачите дека сè може да се случи во училишните зони и дека треба да бидат внимателни во секое време.

Кампањата на FIA Region I за безбедност на патиштата секоја година се фокусира на различна тема, но клучната порака останува иста: Возете со внимание. За да се оствари визијата за нула жртви во сообраќајот, меѓусебното почитување, одговорноста и грижата за другите учесници во сообраќајот се од пресудно значење.

„Во FIA Region I, придонесуваме за градење на култура на безбедна мобилност преку различни програми насочени и кон децата и кон возачите подеднакво. Овогодинешната кампања е лансирана непосредно пред нашиот годишен европски натпревар за сообраќајно образование (European Traffic Education Contest) за деца на возраст од 10 до 12 години. И како родител и како возач, горда сум што ја извршуваме нашата улога за подобрување на безбедноста на патиштата околу училишта“. рече Лоријана Крид, генерален директор на FIA Region I.

Кампањата за безбедност на патиштата за безбедност на децата во училишните зони е преведена на 27 јазици и ќе се одвива во 27 земји низ Европа, Блискиот Исток и Африка.

Како единствена членка на ФИА од нашата земја, АМСМ ја поддржува глобалната кампања на ФИА Регион I и е одговорна за нејзина реализација на локално ниво.

 

За ФИА Регион I

Основана во 1904 година, Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) ги обединува водечките национални автомобилски организации од 146 земји во светот и е раководно тело во светот мото-спортовите.

Канцеларијата на FIA Region I, со седиште во Брисел, е тело на потрошувачи кое се состои од 100 мобилити клубови кои застапуваат над 40 милиони членови од цела Европа, Блискиот Исток и Африка.

 

АМСМ е единствена членка на ФИА од нашата земја од 1994 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping