Особена чест ни е да поразговараме со уште една наша колешка, која се согласи да ни раскаже за најзините 30 години во АМСМ…

Маја Петровска – Осигурителен Брокер во подружница Центар

 

Моментално си на работна позиција осигурителен брокер во АМСМ. Која е твојата прва работна позиција во куќава? Раскажи…

Маја: Моето дружење со АМСМ започна во октомври 1993 година. Бев вработена како референт за регистрација на технички преглед во АМСМ-Чаир  во новоотворената Станица за технички преглед за сите видови на моторни и приклучни  возила. На повеќето вработени ова им беше прво вработување со исклучок на некои поискусни колеги – контролори од технички преглед и многу убави спомени ме врзуваат за АМСМ-Чаир во поглед на соработката и дружбата со колегите.

 

Што е она што најмногу те исполнува во однос на работењето сега и некогаш?

Маја: За разлика од времето поминато во АМСМ-Чаир каде изготвувавме документи за технички преглед за регистрација на возила и осигурителни полиси во АМСМ-Центар ни се прошири делокругот на работа и одговорноста во работењето со изготвување на меѓународни документи.

 

Што најмногу ти помага во успехот, што би издвоила како најбитен предуслов за да се биде успешен?

Maja: Секако дека предуслов за успешност е стекнатото искуство, едукација и стручното усовршување кое ни го овозможи АМСМ во совладувањето на вештините во работењето и професионалниот однос кон работата и корисниците на нашите услуги.

 

Која е твоја највпечатлива година во АМСМ во однос на успех и останато?

Maja: Во однос на успехот во работата би ја издвоила годината кога требаше да се стекнеме со лиценца за работење во осигурувањето согласно донесениот закон и за истата посетувавме настава со која се подготвивме и полагавме за стекнување на лиценцата и звањето Осигиурителен брокер.

 

Присети се на една анегдота која се уште ја раскажуваш…

Maja: Една случка на која и ден денес се сеќавам е од моето работење во АМСМ-Чаир каде се вршеше технички преглед на сите видови моторни и приклучни возила е следната:

Доаѓа странка на моето шалтерско место.

Јас му велам : Добар ден повелете.

Странката : Добар ден, колку чини регистрација?

Јас: Регистрација за што?

Странката: Па за кола!

Јас: За кое возило?

Странката: Па за моето!?

Јас: А какво возило имате?

Странката: Па Застава…

 

 

 

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping