Методи Јосифов, 29 години во системот на АМСМ

За него не постои сега и некогаш, тој секогаш се стреми да ги направи нашите клиенти задоволни.

Ти благодариме Методи..

 

Моментално си на работна позиција административен референт во АМСМ Центар за Возила. Која е твојата прва работна позиција? Раскажи…

Првата работна позиција во системот на АМСМ ми беше како референт за продажба на новоотворената бензинска станица во Чаир при крајот  на

март 1995 година.

Што е она што најмногу те исполнува во однос на работењето сега и некогаш?

За мене не постои сега и некогаш, ама има секогаш задоволство кога работењето завршува со услуга која ги прави клиентите задоволни.

 

Што најмногу ти помага во успехот, што би издвоил како најбитен предуслов за да се биде успешен?

Мотивот и желбата да помогнеш организацијата да биде успешна во секој поглед, е порив за работа и заедничко работење на сите вработени.

 

Која е твоја највпечатлива година во АМСМ во однос на успех и останато?

Годината кога бев прогласен за работник на годината во системот на АМСМ 2013, бидејќи ми стана јасно дека во нашата организација се цени и вреднува трудот.

 

Присети се на една анегдота која се уште ја раскажуваш…може и две

Доаѓа на шалтер повозрасен господин и ме прашува

–Се извинувам колку чини регистрација за мојата кола?

–А каква кола имате го прашувам,

-Црвена одговори клиентот

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping