Филип Теговски – Координатор на членство
Во системот на АМСМ работи од 2009 година.
Фиц, ти си вистински пример како треба да изгледа еден одличен колега.
Ти благодариме…
Моментално си на работна позиција Координатор за членство. Која е твојата прва работна позиција? Раскажи…
Уф, беше тоа одамна :)….првата работна позиција ми беше во Алармен Центар каде што бев 2 месеци, а бргу после тоа преминав во Информативен Центар, и можам слободно да кажам дека ми беше едно огромно искуство за мојот понатамошен развој во АМСМ.
Што е она што најмногу те исполнува во однос на работењето сега и некогаш?
Она што најмногу ме исполнува, низ текот на овие 15 години, е разновидноста на мојата работа. Секако морам да напоменам и еден исто така доста важен фактор кој што ме исполнува а тоа е пријатната работна атмосфера.
Што најмногу ти помага во успехот, што би издвоил како најбитен предуслов за да се биде успешен?
Мислам дека во денешно време главен предуслов да се биде успешен е константното следење на новите технологии и алатки за работа во секој домен. Тоа е она што не движи напред и ни отвора нови хоризонти.
Која е твоја највпечатлива година во АМСМ во однос на успех и останато?
Највпечатлива година во АМСМ ми е 2010 година. Таа година, по напорна работа, ги модернизиравме и надградивме АМСМ членските пакети. Од постоечките два членски пакети, ние креиравме пет нови и подобрени членски пакети, а тие ви се добро познати на ситеJ, бидејќи и ден денес се актуелни. Ова е нешто на што посебно се гордеам сите овие мои 15 години во АМСМ.
Присети се на една анегдота која се уште ја раскажуваш…
Анегдоти имам само добри и позитивни, а сите ми се поврзани со мои драги колеги :)…..така што ќе си преќутам.