Давид Тренчевски – раководител на сектор за обуки.

Веќе 10 години го оди АМСМ патот кон успехот.

И неколку години е еден од нашите најуспешни маратонци…

Давид, не си фер што не сподели со нас анегдота 🙂

Сепак ти благодариме…

 

Моментално си на работна позиција раководител на секторот за обуки. Која е твојата прва работна позиција? Раскажи…

Моето работно искуство во системот на АМСМ започнува во 2014 година како Административен референт во Центар за возила. Уште на почеток, често (некогаш и подолго од планираното :)) бев на релација Центар – Чаир. Во тој период имаше легализација на трактори, стандардот за увоз на патнички возила се менуваше од ЕУРО 3 во ЕУРО 4 и имаше навистина многу работа. Влегов баш во најжешкото 🙂 Морам да бидам искрен, работењето со колегите во Чаир кои беа експерти во оваа област ми помогна многу во понатамошното мое надградување.

 

Што е она што најмногу те исполнува во однос на работењето сега и некогаш?

 Динамичноста на работата, комуникацијата и стекнувањето на нови познанства со голем број на клиенти. Во поглед на моменталната работна позиција која ја имам вклучително и одржувањето на самите обуки, задоволство е кога своето знаење го пренесувате на луѓе кои сето тоа ќе го применат во пракса и преку тоа остваруваат големи придобивки како за себе така и за целокупното општество, бидејќи без транспортот ништо во светот не би функционирало.

 

Што најмногу ти помага во успехот, што би издвоил како најбитен предуслов за да се биде успешен?

 Тимската работа според мене е една од клучните работи за успех. Професионалниот пристап на кон работата, посебно кон клиентите, желбата за учење и усовршување, квалитетно и навремено завршување на сите работни задачи. И секако, помогни на колега секогаш кога си во можност 🙂

 

Која е твоја највпечатлива година во АМСМ во однос на успех и останато?

 

Не би можел да одвојам некоја година како највпечатлива. Секоја година се трудам да биде поуспешна од претходната, доколку морам да одвојам една, нека биде 2017 година кога за влакно ми побегна наградата за работник на годината 🙂

Присети се на една анегдота која се уште ја раскажуваш…

 Има многу анегдоти кога човек работи со клиенти секојдневно. Сепак фер е тие да останат во канцеларија.

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping