Игор Илиќ – Возач механичар АМД Киро Бурназ – База Куманово

20 години во семејството на АМСМ

Кога го замоливме да ни одговори на неколку прашања тој рече „Секако, во најдобро издание“. И тоа се случи.

Ти благодариме Игор..

 

Моментално си на работна позиција возач механичар во АМД Киро Бурназ во Куманово. Која е твојата прва работна позиција? Раскажи…

 

Пред се ви благодарам за вашето внимание и можноста да се представам пред моите колеги кои не ме знаат. Многумина ме познаваат како Игор Кумановец, а оние кои не ме знаат јас сум Игор Илиќ вработен во СПИ НА ПАТ како возач механичар во база Куманово. Мојот работен век започнува од 1999 год каде се вработувам во странска компанија како возач-преведувач  две години и една година како гранична контрола се до 2002 год. Моето работно искуство во семејството на АМСМ започнува во далечната 2004 год. како чувар во АМД Киро Бурназ во Куманово од каде по 4 месеци за потребите на Службата за Помош на Пат и Информации во АМСМ и мојата желба за унапредување, јас ја  започнувам мојата работна позиција како возач механичар во СПИ. Тоа за мене беше нов предизвик во кој бев позитивно изненаден од пристапот и помошта од колегите и раководителите за да се приспособам во новата работна средина, почнувајќи од СПИ, Ликвидатура, Финансии, Правната служба, итн . Ден денес сеуште работат постарите колеги, а некои се и пензионираа од кои не можам да одвојам еден, значи едно Големо благодарам до нив сите.

Што е она што најмногу те исполнува во однос на работењето сега и некогаш?

 

Секој човек е индивидуа сам по себе, за мене можам да кажам дека работам благородна работа и срцето ми е полно кога си во можност да помогнеш на човек во невоља. Разликата од поранешните времиња во работата е подобрување на условите на работа и опрема која придонесува за полесно и поефикасно извршување на дадената задача. Но на крајот на денот нема поголема сатисфакција кога ќе го слушнеш магичниот збор Благодарам Мајсторе …

 

Што најмногу ти помага во успехот, што би издвоил како најбитен предуслов за да се биде успешен?

Успехот во работата го сведувам во три збора, љубов, посветеност и тимска работа.   Конкретно како база Куманово која е дел од синџирот на СПИ  на ПАТ низ Македонија    имаме стекнато доверба и безрезервна подршка од раководниот тим на АМСМ и Управителот Александар Бошнаковски.

Неможам а да не ги спомнам и пофалам колегите од Алармен Центар со кои сме тесно поврзани и не би можеле да функционираме едни без други. Затоа како тим сеуште функционираме и работиме. Во нашата работа секој ден е нов предизвик и со заемен договор и комуникација имаме задоволен клиент. Кога би ме запрашал некој како граѓанин а не како вработен, за мене АМСМ е синоним и национален Македонски бренд кој остананал и ќе постои врежан во мислите на луѓето и не смееме да дозволиме да ја изгубиме таа позиција и доверба градена со години.

Која е твоја највпечатлива година во АМСМ во однос на успех и останато?

 

За мене секоја година помината во АМСМ го сврстувам во успех но и со подобри резултати во наредната година .

Присети се на една анегдота која се уште ја раскажуваш…може и две J

Еден ден, незнам која точно година се случи, седев во канцелариите на технички преглед и доаѓа колегата од СТП и видно изненаден вели Игор дојди бргу, велам требам нешто?? Вели дојди дојдоа некои свештени лица во мантии и имаат некаков проблем со возилото. Кога излегов видов мини комбе и 7-8 души со Српски таблици, им приоѓам. Добар ден велам имате проблем? Аман помогните ве молам, појдовме на Хиладар во Грција а имаме некаков проблем со возилото. Ја отворив хаубата и веднаш го видов проблемот. Беше едно обично гумено црево од кое протекуваше гориво. Кога им кажав дека ќе го поправам тие беа пресреќни и не прашаа за имињата и беа толку благодарни што рекоа дека ќе не спомнат на попладневната молитва. Си заминаа и во вечерните часови ми се јавува колегата од СТП и со насмевка вели : Игор, јас некако вечерва се осеќам благословено незнам за тебе ….

 

 

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping