Соња Христовска – Стручен раководител во АМСМ СТП Центар

Повеќе од 20 години Соња е дел од семејството на АМСМ

Раскажува за годините поминати во АМСМ на повеќе работни позиции…

Ти благодариме Соња 

 

1. Моментално си на работна позиција Стручен раководител во Станицата за Техички Преглед во АМСМ Центар. Која е твојата прва работна позиција во куќава? Раскажи…

Моето работно искуство во АМСМ  започнува во далечната во 2002 година тогаш организирано преку младинска организација. Прва работна позиција ми беше во архива , место во кое преку сите излезни и влезни документи целосно го запознаваш системот на АМСМ, кое за мене беше релативно непознато поле на дејност кое преставуваше голем предивик.

Со отварањето на секторот за Хомологација на возила се јави потреба да се формира архива на возила која понатаму ќе биде користена како база на информации за историјатот на возилата. Токму на тоа работна позиција се задржав година и шест месеци и можам да кажам дека од тогаш возилата, нивните технички карактеристики, сите правила и прописи за техничките прегледи т.е се што е повразно со возила и сообраќајот ми ,,влегоа под кожа”.

Наредно нешто кое исто така преставуваше ГОЛЕМ предизвик беше Секторот Членство кое во тој период претрпе модернизирање во целост преку дизајнирање на новата форма на АМСМ картичка која од тогаш изгледа како платежна картичка, потоа воведување на нови услуги, пакети на услуги и најбитното зголемување на членовите. Јас во тој период работев на издавање на членски картички и зачленување на нови членови.

Наредна мисија ми беше како референт за технички преглед. Во овој сектор останав 8 месеци но во меѓувреме се отвори нов Сектор за Големи корисници. Во тие моменти бев многу среќна и полна со ентузијазам и стварно ми беше голем предизвик. Бевме убава полетна екипа полна со енергија, идеи и ориентираност кон корисници.Така се создаде овој Сектор во кој бев Раководител на секторот 2 години.

Наредна мисија во системот на АМСМ е мојата сегашна позиција  Стручен раководител. Во почетокот бев во СТП Чаир, а потоа во СТП Центар. Веќе имав големо искуство како за техничките работи така и за меѓучовечките односи и потребите на вработените и можеби нескромно ама ќе кажам дека успевам да се соочам со сите предизвици кои ги носи оваа позиција. Јас сум човек што си ја сака професијата со сите нејзини предизвици.

 

2. Што е она што најмногу те исполнува во однос на работењето сега и некогаш?

Сегашната моја позиција дава можност да бидам вклучена во создавањето на процесите, воведување новини се со една цел да се изврши подобрување на истите. Можноста да дадам нешто свое кое понатаму ќе им помогне на сите во полесно извршување на нивните работни обврски е нешто што најмногу ме исполнува.

Секој проблем или новост во работењето за мене е предизвик.

3. Што најмногу ти помага во успехот, што би издвоила како најбитен предуслов за да се биде успешен?

Можам да кажам дека тоа е микс од толерантност, компромис, колегијалност, решителност, избегнување на конфликтни ситуации со токсични луѓе, да бидеш среќен и исполнет.

 

 4. Која е твоја највпечатлива година во АМСМ во однос на успех и останато?

Низ овие 22 години работен стаж во АМСМ не можам да одвојам која ми била највпечатлива година, но секогаш ги спомнувам годините кога се менувале работните позиции за кои ми требало многу енергија и ентузијазам.

5. Присети се на една анегдота која се уште ја раскажуваш…

Има многу случки на кој се присетувам ама  ги споделам само со луѓето што работат во СТП бидејки само тие би ги разбрале.

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping