Збор, два со Мирко Гигов кој веќе 20 години е дел од семејството АМСМ.

Моментално како главен Координатор во АМСМ Услуги СПИ и Б2Б Менаџер, соработува со меѓународните партнери и институции, ги следи трендовите на автомобилската и транспортната индустрија и секако патната асистенција…

Ти благодариме Мирко.

 

1. Долги години си на позицијата Главен координатор и БМенаџер. Која е твојата прва работна позиција? Раскажи…

Мојата прва работна позиција беше Координатор за Договорни партнери во секторот Членство и Маркетинг. Токму во тој период, околу 2004 година беше формиран тој сектор во АМСМ кој започна со имплементација на сите европски модерни практики во делот на дигитализација, техничко опремување и обуки, креирање мрежа на договорни партнери, како и развој на нови услуги во делот на обезбедувањето на патна асистенција во Р. Македонија. Тоа беше мал сектор но со големи ентузијасти, кои учествуваа во поставувањето на новиот модерен Контакт Центар, Дата центарот и ИТ службата, новите Членски пакети, Членското списание и Патната помош како нова услуга на АМСМ. Истовремено спроведени многу меѓународни и локални кампањи и проекти за безбедност во сообраќајот, со фокус на ранливите категории учесници во сообраќајот и на безбедната патна инфраструктура.

По развојот на новите Членски пакети за патна помош наменети за физички лица, следејќи ги европските практики се јави потребата за проширување на портфолиото на Клиенти, и следствено започнавме со имплементација и понуда на Б2Б пакети за патна асистенција за Импортерите и Дилерите на нови возила во Р.Македонија. Меѓународната соработка во овој период беше подигната на едно ново ниво на акумулација на знаења, но и на нови комерцијални и технички обврски, и тоа продолжува и денес.
Од тогаш па наваму сме апсолутен лидер на пазарот во овие услуги, со континуирана еволуција и во понудата но и во процесите, и можам да кажам дека сум горд со тоа што сум интегрален дел во целиот тој развој до ден денес.

 

2. Што е она што најмногу те исполнува во однос на работењето сега и некогаш?

Соработката со колегите е секогаш предуслов за пријатна работна атмосфера. Можностите за иновации на пазарот, како и соработката со меѓународните партнери и институции дополнително влијае на мојот елан и инспирација во работата.

 

3. Што најмногу ти помага во успехот, што би издвоил како најбитен предуслов за да се биде успешен?

Натпреварувачкиот дух е важна карактеристика за да се биде успешен. Секако не по секоја цена, и со уважување на тимскиот труд кој секогаш е најважен. Би додал, желбата за нови знаења, следењето на трендовите во автомобилската и транспортната индустрија и особено патната асистенција и упорноста во нивна практична апликација во соодветен момент на локалниот пазар.

4. Која е твоја највпечатлива година во АМСМ во однос на успех и останато?

Не би можел да издвојам некоја година посебно. Секоја година сум се обидувал да ја рекапитулирам и обележам со некој успех во одреден сегмент од работата. Сепак конзистентноста и довербата кај партнерите е она што го дефинира успехот на подолг рок. 2004та година како година на моето вработување во АМСМ сепак сметам дека е еден вид окосница во мојот живот.

 

5. Присети се на една анегдота која се уште ја раскажуваш…

Навираат сеќавања за повеќе анегдоти од многуте службени патувања низ Европа. Секогаш со радост се присеќавам и ги споделувам во приватен амбиент, но не јавно 🙂

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping