Александра Поповска – нашата Цана, 17 години во системот на АМСМ

Нејзината единствена алатка за да биде странката задоволна е нејзииот глас, интонација, знаењето и искуството..

Ти благодариме Цана…

 

Моментално си на работна позиција Агент во контакт центар. Која е твојата прва работна позиција во куќава? Раскажи…

 

Во ноември 2007 со уште една колешка која веќе не  е во АМСМ започнавме како инфо линија агенти. Мојата тогашна, а и сегашна задача беше да одговорам на сите прашања од странки што ќе дојдеа на нашиот добро познат број од централата. Тогаш функциониравме како посебна служба, а понатака станав дел од екипата која се грижи за да обезбеди навремено и брзо помош на пат и шлеп. Сега функционираме сите заедно безпрекорно.

 

Што е она што најмногу те исполнува во однос на работењето сега и некогаш?

 

Работењето со странки на телефон не е лесно, затоа што со странката имаш само вербална комуникација. Токму затоа треба да бидам многу внимателна со секого посебно затоа што мојата единствена алатка за да биде странката задоволна е мојот глас, интонација знаење и искуство. Токму тоа кога ќе го завршам разговорот и ќе го добијам коментарот “ ви благодарам бевте многу љубезна “ е она што ме исполнува.

 

Што најмногу ти помага во успехот, што би издвоила како најбитен предуслов за да се биде успешен?

 

Како најбитен предуслов за едно лице да биде дел од контакт центар е да биде добар слушател и да има големо трпение.

 

Која е твоја највпечатлива година во АМСМ во однос на успех и останато?

 

Секоја година е посебна, секогаш има нешто интересно неможам да издвојам нешто.

 

Присети се на една анегдота која се уште ја раскажуваш…

 

Секој ден има по некоја интересна случка, да бидам искрена порано повеќе ги паметев.

Click outside to hide the comparison bar
Спореди
Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.