Светлана Тодоровска – финансов сметководител во системот на АМСМ

32 години во АМСМ, на кратко ни раскажа за нејзиниот живот во АМСМ…

Ти благодариме Светле

 

1.Моментално си на работна позиција овластен сметководител во АМСМ. Која е твојата прва работна позиција во куќава? Раскажи…

Да,сега сум на работаната позиција овластен сметководител. Инаку моите почетоци во системот на АМСМ  се во далечната 1991. На 9 април 1991 како член на студенската задруга ме испратија на испомош во АМСМ. Инаку имам дипломирано на Филозофски факултет и се здобив со звање дипломиран педагог. Но поради тогашните случувања во нашата држава среќата ја побарав на друга страна и судбината, животот ме испрати ТУКА. Моето прво работно место беше како референт за регистрација на шалтерите во центар. Тука останав до мај-јуни 1992, а потоа поради недостиг на кадар и воведување на бензиските бонови/повозрасните генерации се секаваат на недостигот од гориво/се јави потреба за работа на Граничните премини Табановце и Блаце каде бевме на работна задача за издавање бензиски бонови за гориво. Потоа таа работа ја работевме во АМСМ, за во октомври 1992 да ме префрлат во сметководство поради недостиг на кадар и моите работни способности, тука навистина имав извонредни колеги од кои многу научив воопшто за целиот систем на АМСМ.

 2. Што е она што најмногу те исполнува во однос на работењето сега и некогаш?

Целиот работен век ми е исполнет со многу работа дисциплина како и дружење со колегите без разлика дали сум била на почеток на кариерата или сега…

 3. Што најмногу ти помага во успехот, што би издвоила како најбитен предуслов за да се биде успешен?

 Мислам дека чувството на професионализам, соработка дисциплина и комуникација со колегите е најбитен предуслов да се биде успешен.

 

4. Која е твоја највпечатлива година во АМСМ во однос на успех и останато?

Мојата највпечатлива година е 1994 година кога ја добив довербата од претпоставените која гледам и се трудам до ден денес да ја оправдам.

 5. Присети се на една анегдота која се уште ја раскажуваш…

Во минатото осигурувањето се покачуваше стално. Како и секој работен ден и тој бидејки имаше многу гужва пред шалтерите чуварот ги собра сообракајните книшки и странките по долго чекање доаѓаа на ред за регистрација.

Застанува еден господин  на шалтер и ми вели ве молам само технички преглед да ми наплатите…

Јас му одговарам дека се покачува осигурувањето, а не техничкиот преглед дека со тоа не заштедува ништо…

Но јас имам само толку готовина, ми одговара странката…

На крај се договоривме бидејки беше веќе доцна попладне ако тој мене не ми донесе пари утре до 12 часот јас ќе ги поништам документите за регистрација и странката ќе си плати по нова цена

Но наредниот ден кога дојдов на работа го видов човекот дека дошол и ми донел пари за регистрацијата, а бидејки работел во хотел Континентал попладнето ни испрати ручек за 2- ра смена…

 

 

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping