МЕЃУНАРОДНИ ДОКУМЕНТИ ДОСТАПНИ 24/7

02/05/2023

При патување со автомобил надвор од земјата, не заборавајте да ја проверите валидноста на меѓународните документи кои задолжително треба да ги поседувате.

Сите меѓународни документи се достапни 24/7 во АМСМ во Скопје – Центар.

Меѓународна возачка дозвола

Меѓународната возачка дозвола е задолжителен документ кога патувате со автомобил надвор од државата, со исклучок на неколку држави држави: Република Албанија, Босна и Херцеговина, Германија, Италија, Косово, Србија, Црна Гора и Шпанија, со кои нашата држава има билатерални договори.

Кои документи ви се потребни за издавање на меѓународна возачка дозвола прочитајте тука.

Одобрение за управување со туѓо моторно возило

Одобрението за управување туѓо моторно возило е задолжителен документ кога управувате со туѓо моторно возило надвор од земјата, а се издава единствено во АМСМ, согласно овластувањата кои ги имаме како единствена мобилити членка на ФИА, светската автомобилистичка федерација.

Кои документи ви се потребни за издавање на одобрение за управување со туѓо моторно возило прочитајте тука.

Зелен картон

Доколку не поседувате зелен картон, имајте ја во предвид цената која ќе треба да ја платите, а која зависи од моќноста на вашето возило и колку често патувате надвор од земјата:

ВозилоПериод на важностЦена
Патничко возило до 66KWГодишен3.690,00
Патничко возило над 66KWГодишен5.536,00
Патничко возило до 66KWМесечен1.850,00
Патничко возило над 66KWМесечен3.075,00

Патничко осигурување

Преку Мобилити Брокер достапни ви се полиси за патничко осигурување од сите осигурителни компании, со овозможени осигурителни покритија/ризици:

  • Здравствена помош (болничко лекување, лекарска интервенција, репатријација)
  • Осигурување незгода
  • Осигурување на багаж и надомест за загуба на патни документи

Цената на патничкото осигурување зависи од ризиците вклучени во осигурувањето.

 

Повеќе информации: 02/3181-181

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping