ХОМОЛОГАЦИЈА

05/02/2024

Хомологација е дел од правилникот за употреба на возила со кој се пропишани барањата кои моторните и приклучните возила мора да ги исполнуваат.

Постојат повеќе постапки во процесот на регистрација на нови и половни возила увезени од странство:

  • Единечно одобрување на возило се спроведува: за возило чиј што тип не бил одобрен во согласност со одредбите од Законот за возила и прописите донесени врз основа на овој закон; во случај на повеќефазно изработување на возило за посебните фази на изработка, доколку некоја од тие фази се предмет на постапка на повеќефазното одобрување.
  • Идентификација и оцена на техничката состојба на возилата се спроведува за: нови возила за кои типот е одобрен во согласност со хармонизираните прописи за ЕУ одобрување на тип, за возило за кое типот е одобрен во Република Северна Македонија, а за конкретното возило нема потврда за сообразеност издадена од застапникот на производителот во Република Северна Македонија.
  • Идентификација на возила е постапка во која се утврдува истоветноста на возилото и неговите основни технички податоци со помош на приложената документација и/или со проверка на податоците во регистарот на податоци на возила.
  • Евидентирање на промени на возило е постапка која се спроведува за промени на возилата кои се однесуваат на вградување на одделни системи, делови и опрема што се разликуваат од основно вградените на возилото, а истите се одобрени за вградување во конкретниот тип на возило, како што се: издувни системи; светлосни уреди; влечни уреди на возилата чија што најголема вкупна маса не надминува 3500kg, со исклучок на трактори; спојлери; и други уреди кои се одобрени за вградување во конкретниот тип возило.

Сите наведени постапки се спроведуваат во АМСМ Центар за возила во Скопје-Чаир, Велес и Кичево.

Повеќе информации: 02/2631-181 и 072-214-872

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping