ДОКУМЕНТИ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО

08/01/2025

Ако планирате патување со автомобил надвор од земјата, не заборавајте да ги извадите потребните меѓународни документи, кои во АМСМ Скопје-Центар се достапни за издавање 24/7.

Што ви е потребно?

  1. Меѓународна возачка дозвола

Задолжителен документ за управување возило во странство, освен во држави со кои имаме билатерални договори: Албанија, БиХ, Германија, Италија, Косово, Србија, Црна Гора и Шпанија.

Потребни документи: 2 фотографии (45×35 мм), национална возачка дозвола, лично присуство со документ за идентификација, потврда од Министерство за внатрешни работи за прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило (се издава од страна на МВР во АМСМ)

Повеќе информации за Меѓународната возачка дозвола ќе најдете тука.

  1. Одобрение за управување со туѓо моторно возило

Овој документ е неопходен ако управувате со туѓо возило надвор од земјата, а се издава единствено во АМСМ, согласно овластувањата кои ги имаме како единствена мобилити членка на ФИА, Светската автомобилистичка федерација.

Потребни документи: сообраќајна дозвола од возилото, лично присуство на сопственикот со документ за идентификација и пасош на корисникот на возилото.

Повеќе информации за Одобрението за управување со туѓо моторно возило ќе најдете тука.

  1. Зелен картон

Ако не сте го извадиле при регистрација на возилото, тогаш задолжително треба да го извадите доколку патувате со автомобил во странство. Цената на зелениот картон зависи од моќноста на возилото и периодот на важност.

Тип на возило Период Цена (МКД)
Патничко возило до 66KW Годишен 3.690,00
Патничко возило над 66KW Годишен 5.536,00
Патничко возило до 66KW Месечен 1.850,00
Патничко возило над 66KW Месечен 3.075,00
  1. Патничко осигурување

Со услугите вклучени во АМСМ Europe Premium членската картичка добивате и бесплатно патничко осигурување со покритие од 20 дена кои можете да ги користите кумулирано во текот на една година, 365 дена, или во периодот наведен во полисата за осигурување.

Во спротивно, преку Мобилити Брокер достапни ви се полиси за патничко осигурување од сите осигурителни компании во земјава, со следните осигурителни покритија т.е. ризици:

  • Здравствена помош (болничко лекување, лекарска интервенција, репатријација)
  • Осигурување од спортска незгода
  • Осигурување на багаж и надомест за загуба на патни документи

Цената на патничкото осигурување зависи од ризиците вклучени во осигурувањето.

Повеќе информации 📞 02/3181-181

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

Click outside to hide the comparison bar
Спореди