ЗА ПРВИТЕ АВТОМОБИЛИ И ВОЗАЧИ ВО МАКЕДОНИЈА

 

Во Македонија првиот автомобил од марката „Форд К“ бил забележан во Битола во 1905 година.Тој бил донесен од Детроид- САД. Интересно било што во тој период на конзулите се појавил една година по неговото производство во погоните на Форд и „Џенерал моторс“. Цената на овој автомобил била 850 американски долари.

Во 1912 година се појавува првиот професионален возач (шофер), кој воопшто бил прв регистриран на овие простори. Неговото име е Ристо, а потекнува од околното село Цепари. Тогаш оваа професија била една од најпрестижните. Тој го управувал својот „форд т“, го донел од Солун и се движел со брзина од 40 км на час.

Во Скопје првиот автомобил „рено“ било донесено од браќата Шабан-Пашини, а тоа се случило во 1911 година. Истата година во скопје е забележан и првиот автомобил од марката „Форд“, која очигледно била најпопуларна во почетокот на XX век. Всушност Битола и Скопје биле едни од првите градови на Балканот кои што почнале да се појавуваат модерните во тоа време автомобили. Пред нив прединчеле само Цариград и Солун.

Веќе во 1925 година Битола прераснува во еден од водечките градови низ чии улици се движеле и „Есекси“ и „Хадсони“ и „Мерцедеси“.

Во Скопје покрај првиот Форд тогаш се возеле уште „Опели“ и „Кајзери“. Како нивни сопственици регистрирани се имињата: Дуча Филота, семејството Бојаџиеви и Радмила Смилјаниќ.

Првиот автомобил во Прилеп е донесен од страна на печалбарот Цуцуловски кој патем кажано во почетокот на XX век работел во фабриката „Форд“ во Детроид. Всушност овој вљубеник на автомобили во својот роден град донел два автомобили од марката Форд Т. Тоа се случило во 1920 година и во јо период овој човек ја организирал првата такси служба која одела до Битола, Градско, Крушево и други места. Такси возилата истата година почнале да се појавуваат и во Битола и како нивни корисници почнале да се забележуваа: шупанот Будисављевич, фабрикантот Герас, кожуварот Стојчевски. Докторот Поповиќ и некој други.

Во Крушево првиот автомобил бил исто така од марката „Форд“, а го донел Васил Николовски во 1922 година. Истата година во Велес било донесено возилото од типот „Пух“ и негов сопственик бил Лазо Пешов.

 

Таа година моторните возила се појавуваат и во Охрид, возилата биле од марката „Цитроен“, а неговите сопственици се за жал непознати. Се знае само дека со нив се извршувала такси служба на релација Битола и Албанија.

Во 1922 година во Куманово е регистрирана првата „Прага“, која била со дрвени тркала. Една година подоцна, односно 1923 година, првите автомобили се појавиле во Кавадарци, а како нивни сопственици се водат Коле Грков и Миладин Гориниќ.

Во Ресен првото возило било донесено во 1924 година и истото било од марката „Шевролет“ во сопственост на трговецот Михајло Нечовски.

Истата година први со автомобили се здобиле и градовите: Радовиш, Струмица, Берово и Делчево.

Во другите градови во земјата првите автомобили биле забележани меѓу 1925-1939 година. Така веќе од 1938 година во Македонија се регистрирани 124 патнички автомобили, 24 товарни возила, 25 моторцикли, 1300 велосипеди и 110 пајтони.

Веќе во 1946 година регистрирани се 207 патнички автомобили, 35 автобуси и 181 товарни возила, што во однос на нивниот број растел со незначително темпо.

 

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping