ЗА РАЗВОЈНИТЕ АКТИВНОСТИ НА АМСМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Следејќи ја хронолошката низа, во 1993 година делумно почнува да функционира Компјутерскиот центар. Истата година, на 3-ти ноември, почна со работа и новата станица за технички преглед во сопственост на АМСМ, која е лоцирана во општина Чаир.

Во 1994 година почнува соработката со Граничниот сектор, додека во наредната 1995 година, а во согласност со своите интеграции и потреби, како и во согласност со активностите на АИТ, Сојузот ја формира Туристичката агенција АМСМ. Таа година во состав на станицата на технички преглед во Чаир се отвори и бензиска пумпа која се наоѓа во лична сопственост на Сојузот и која располага со три резервоари.

Значаен чекор во работењето, претставува и основањето на центарот за хомологација на 15.07.2002 година, а една година подоцна, со цел да се организира и да се подобри целокупната реализација на бараните услуги во поглед на нивното оперативно извршување, се формира и особената служба за Членство и Маркетинг.
За успешно функционирање на целокупниот систем во текот на 2000 година во АМСМ успешно беше спроведен Проектот за современо работење, односно Сојузот го доби сертификатот за меѓународен стандард ISO 9001. Куќите кои го издаваа беа: CRO CERT од Хрватска, OQS од Австрија и IQNET (меѓународна мрежа за членки овластени за издавање сертификати). Во текот на наредните четири години овој систем напреднуваше и секоја година се ресертифицираше од страна на CRO CER, кој во меѓувреме стана членка на IQNET.
Кон крајот на 2004 година АМСМ доби сертификат за новиот меѓународен стандард ISO 9001:2000. Во таа насока, во однос на документацијата на системот за квалитет беа направени извесни ревизии во одредени постапки (Авто школата, Секторот за членство и маркетинг и други) во прирачникот за квалитет. Сето ова условило одредени реорганизациони дејности и постапки кои пак од своја страна наложија и некои ревизии во шемата на систематизацијата, а сето тоа во интерес на комплетното осовременување на службите на АМСМ и нивното целокупно доближување до оние кои функционираат во најразвиените држави во Европа.
Сето тоа како што можеме да проследиме, е направено мошне успешно и квалитетно. Исто така за постигунување на бараниот квалитет се одржуваат најразлични семинари, од кои само на последниот, кој е одржан оваа година со дипломи се стекнаа 16 интерни аудитори вработени во АМСМ.

Како што имавме можност да проследиме понапред, слободно може да се каже дека во последниве десетина години АМСМ мошне успешно ја продолжи традицијата во развојот и учевството во автомобилскиот спорт воопшто, и тоа како од стручен, така и од финансиски аспект. За таа цел во сојузот функционирала Службата за спорт која преку Секретарот за спорт е координатор во работата на Државната спортска комисија. Таа е независна и се занимава со активностите во областа на автомобилизмот и мотоциклизмот во нашата земја, а е составена од стручни лица и експерти кои вршат целосна грижа за популаризацијата и за напредокот на овој спорт, кој во тој момент се наоѓал во голем подем кај нас, а да не говориме во светот.