За АМСМ во периодот меѓу 1991-2005
Во периодот меѓу 1991-2005 година АМСМ по осамостојувањето на РМ и по одделувањето на АМСЈ, кое произлезе како логична последица од првото, доживува своевиден подем во развојот и во функионирањето на сите негови служби и активности, од кои со подеднакво значење се оние кои што се постигнати како на досегашен, така и на меѓународен план. Сепак, во таа насока, најактивен период во работата на сојузот се последните десет години од неговото функционирање, односно оној меѓу 1995-2005 година.
Успеси достигунувања и активности на меѓународен план
Како резултат на многубројните активности, а за релативно краток период, АМСМ веќе во 1993 година е примен во наколку најголеми светски организации кои што ги обединуваат најголемиот број високоразвиени земји во светот во сверата на сообраќајот, автомобилизмот и туризмот.
Првиот ваков свечен чин се случи на 11.10.1993 година во Париз, кога АМСМ беше примен во AIT (Alinace Internacionale de Tourisme) односно во меѓународната туристичка организација. Само неколку дена подоцна, односно на 15.10.1993 година, исто така во Париз, АМСМ е примен како прелиминарен член на FIA (Federation Internacionale de L’Automobile), односно во Меѓународната автомобилска федерација, со мандат од две години, а полноправен статус во истата го стекнува на 20.10.1995 година на Генералното собрание на FIA, одржано во Париз.Како рамноправен пак член на FIM (Federation Internacionale de Motocyclisme), односно на Меѓународната мотоциклистичка федерација, АМСМ е примен на 26.10.1993 година на Генералното собрание одржано во Даблин, Република Ирска. Исто така во 1994 година АМСМ е примен во ARGE/ZE (Arbeitsqemeinschaft Zentral Europe), односно Работна група на Централна Европа за клубовите кои потекнуваат од поранешните постсоцијалистички држави. Таа како таква функционираше се до 1998 година, кога е формиран COFO (Coordinative forum), односно координативен форум за централните и источните земји во Европа. Асоцијацијата беше да ги застапува интересите на клубовите од земјите за кои станува збор.
Овој циклус на меѓународното членство продолжи со приемот на АМСМ и во CIK (Commission interncionale de Karting), односно во Интернационалната комисија за картинг на нејзиниот состанок одржан на 13.12.2003 година во Монако.
Следната 2004 година АМСМ станува полноправен член на FIE CEZ (Central Europa an Zone) Заедно со: Австрија, БиХ, Хрватска, Чешка, Унгарија, Италија, Словенија, Србија и Црна Гора и Словачка, а приемот се случи на 22 септември во Загреб.
Покрај тоа АМСМ е член на уште една голема Европска куќа која што е од исклучително значење за развојот на сообраќајот и автомобилизмот воопшто. Тоа е, како што споменавме претходно, ARC – Tranzistans (Assistante Road), односно Светска организација за давање помош на патиштата.
Впрочем, на состанокот на ARC-Show Your Card (покажувајќи ја својата картичка) одржан помеѓу 10-13 мај оваа година во Рим, АМСМ беше добитник на награда за најголемо годишно процентуално зголемување на членството. Всушност, за да имаме приближно претстава за тоа колкава е моќта на оваа организација, како што впрочем како рамноправен член се јавува АМСМ. Ќе кажеме дека располага со 12.000 моторни возила за помош на патиштата со 70 хеликоптери и 8 авиони- амбулантни, а покрива 8.000 000 корисници-членки на ERIC (Europian Road Information Center), односно Европски патен информативен центар.
Во 1998 година АМСМ учевствуваше на прославите на 100 годишнината на AIT одржана во Стокхолм, Шведска. Делегацијата на АМСМ исто така во 2004 година зема учевство на прославата на 100 годишнината од основањето на FIA и на FIm која се одржа во Париз, а богатата меѓународна активност се одвиваше и преку другите традиционални работни средби и состаноци како што беа: Конференција на БМУ во Истамбул (2005), Комисиска недела на FIM во Женева (2005), Пленеарно собрание на AIT- Регија I во Цирих (2004), Работилница во Виена, (1997-2004), Конференциска недела во AIT и на FIA во Баден-Австрија (2003), Вонредно генерално собрание на FIA во Париз (2004/2005), Конгресот на UEM во Софија (2004), првиот натпревар на СПИ механичари Минск (2004), доделување на Град-при за светскиот шампионат во автомобили Монте Карло (2001/02/03) и други).
За да се свати подобро значењето на рамноправното членство во некои претходно наведениве светски асоцијации, само ќе напоменеме дека AIT, FIA и FIM се невладини организации кои заради нивното огромно светско значење се конслутативни членки на Економскиот и Социјалниот совет на Обединетите нации како и на Советот на Европска Унија.
Во рамките на овие меѓународни организации со активно учевство на преставници на АМСМ на заедничките конгреси, состаноци, работни групи, семинари, се остваруваше постојана комуникација во работата и во размената на искуства на националните автомобилски организации, се утврдуваа новите содржини и единствените критериуми. Како и меѓународните правила на однесување заради остварување.
Така оваа меѓународна поврзаност и единственост на национални асоцијации во давањето на своите услуги прерасна во еден огромен меѓународен систем на дејствување чиј интегрален дел во последните 10 години бил токму во АМСМ.
Во овој дел од текстот неизбежно е да го обележиме и податокот дека во 1998 година и во 2005 година гостин на АМСМ беше генералниот директор на AIT, господинот Peter Doggwiler (Петер Догвилер), а нашиот Сојуз беше еден од првите на Балканот кој, укажува гостопримство на оваа голема личност.
Сепак, АМСМ секогаш знаел да биде исклучително добар домаќин и во организацијата на највисоките европски компании на свој терен. Така на 10 јануари 2004 година во организација на Сојузот се одржа Годишната Конференција на BMU (Balcan Motorcycle Union), Балканска мотоциклистичка унија, а притоа се изврши и прогласување на најдобрите спортисти во авто-мото спортот во Република Македонија и Балкански шампионат во мотоциклизам и мотокрос.
Оваа манифестација, ни направи огромна чест, ја отвори и беше нејзин покровител сега веќе покојниот претседател на РМ, господинот Борис Трајковски.
Исто така, покрај видните гости од BMU, на оваа конференција гостин на Сојузот беше еден од најважните луѓе на FIM господинот Wolfgang Srb, претседател на комисијата за мото-крос на оваа меѓународна организација. Оваа манифестација од сите учесници и гости беше оценета со највисока можна оценка. Благодарение на сето тоа, истиот месец во Скопје, поточно на 29 и 30 јануари, со одржа првиот FIM семинар за сите мото-крос на кој земаа учевство 14 спотски функционери кои полагале за спортски стујарди и директори на мото-крос натпревари. Балканска конференција за помош на патиштата одржана во самостојна Македонија се случи на 02 и 03 мај оваа година во Скопје.
Денес, а што е многу важно не само во рамките на АМСМ, и во целава наша земја, претставници од Сојузот се вклучени во некои од највисоките тела на споменатите федерации. Така во текот на 2004 година во Комисијата за екологија при FIM како член со четиригодишен мандат е назначен проф. Д-р Никола Панов. Во претходниот мандат, член на оваа Комисија беше проф. Д-р Тодор Давчев. Во Координативниот форум на КОФО за клубовите на Центална и источна Европа, Стасо Попдимитров е најзин претседател. На семинарите за добивање меѓународни лиценци од најразличен карактер за официјални делегати од областа на животната средина за сите дисциплини кои се одржуваат под покровителство на ФИМ, со вакви сертификати се здобија: проф. Д-р Тодор Давчев, Иван Никчевиќ, д-р Никола Панов и Тони Саздов. Со лиценци за техничка комисија располагале: Зоран Наумовски – Кизо, Љубомир Димов, Љубомир Несторовски и д-р Тодор Давчев. Лиценци за брзински мото-трки имале: Зоран Наумовски – Кизо, Миле Бошковски и Зоран Трајковски, додека за мото – крос супер крос: Миле Бошковски, Васил Николовски, Тодор Давчев, Синиша Најденов, Мирче Ќорнаков, Владимир Најденов, Јосиф Чоневски, Тодор Каранаков, Зоран Наумовски – Кизо, Стасо Поп-Димитров и Иван Никчевиќ. На крајот за мерење време лиценци имаат: Златко Димитриев, Гоце Стојмиров и Веселин Стефановски. Сите се стекнати во периодот меѓу 1997-2005 година.