ЗА ПОЧЕТОЦИТЕ НА АМСМ …

За првите почетоци на АМСМ, како што е како што е кажано претходно, се смета формирањето на првите авто-мото друштва кои почнале да функционираат во далечната 1945 година. Веќе следната 1946 година во Македонија дејствувале девет вакви организации чија основна цел била да извршуваат функции од јавен интерес за граѓаните на целата територија на државата, во врска со обуката за возење мотоцикли, автомобили и трактори од една, како и сервисирање, поправка и оспособување на возила од друга страна.

Првите вакви друштва биле формирани во градовите: Скопје, Кавадарци, Битола, Велес, Берово, Кичево, Куманово, Охрид и Прилеп, чии почетоци датираат од мај истата година, а подоцна се формираат и друштвата во Штип и во Струмица. Сепак со својата активност се стакнувале оние во: Скопје „Водно“ кое подоцна преминува во „Тошо Димов“ и за кое се смета дека е првото вакво друштво во Македонија. Во Кавадарци „Страшо Пинџур“, Битола „Ѓорги Наумов“ и во Прилеп „Прилепец“.

Подоцна следувале низа слични активности кои во голема мера, придонеле за развојот на подоцнежната работа и функционирање на АМСМ. Така истата година со помош на НОМСМ и на Народна Техника на Македонија, на 4-ти септември бил формиран Земскиот одбор на автомобилизмот и мотоциклизмот при „Народна техника и спорт“ чии основни задачи се совпаѓаат токму со оние кои почнале да ги извршуваат авто-мото друштвата, односно: собирање на сите автомобили и мотоцикли во една организација, организирање курсеви за обука на кандидатите за возачи на моторни возила, формирање работилници за поправка на оштетени возила, унапредување на сообраќајната култура кај популацијата и организирање спортски натпревари со моторни возила. Таа година АМСМ прераснува во најмасовна школа за обука на возачите во Македонија, кога за управување со автомобилии мотоцикли биле оспособени 150 кандинати.

Следната 1947 година, бројот пораснал на 495, во 1948 година тој изнесува 750, а наредните неколку години бројот на возачите благодарение на АМСМ, се зголемувал со исклучително голем интензитет.

Инаку овој период некои од авто-мото друштвата мошне активно се вклучиле во оспособување на кандидати со управување со трактори, па овде најмногу предничеле: „Страшо Пинџур“ од Кавадарци и „Прилепец“ од Прилеп. Не помалку заостанувале и оние од: Куманово, Неготино, Битола, Велес, Струмица и други. Впрочем, само во 1950 година низ овие друштва, односно преку АМСМ се обучиле близу 800 трактористи.

Уште во 1946 година АМСМ воспоставува искучително плодна соработка со најрелевантните извршни фактори кои управувале со сообраќајната дејност, односно во Министерството за локален сообраќај и за внатрешни работи. На многубројни заеднички средби АМСМ иницирало голем број разновидни актуелни прашања од сверата на автомобилизмот, меѓу кои и оние за типизиран возен парк, кое од страна на првото Министерство било безрезервно поддржано. Токму затоа во неговиот годишен извештај до Сојузното Министерство на тогашната СФРЈ било истакнато дека АМСМ одигра една од најзначајните улоги во надминувањето на тешкотиите кои се среќавале во сверата на автомобилизмот во тоа време.

Основачкото собрание на АМСМ се случило на 18 февруари 1950 година. На овој ден во него доброволно пристапиле 17 авто-мото друштва кои до оваа година функционирале на територијата на Македонија, кои имале вклупно 5012 членови. Тоа биле во Скопје, Битола, Прилеп, Кавадарци, Куманово, Кичево, Берово, Штип, Струга, Гостивар, Радовиш, Гевгелија, Крива Паланка, Тетово, Македонски Брод, Ѓорче Петров.

Всушност и другите друштва кои подоцна стануваат членови на АМСМ фактички беа формирани по иницијатива на самиот Сојуз.

На ова Собрание била усвоена Првата програма за работата на Сојузот, а покрај другите значајни заклучоци делегатите усвоиле ставови кои се однесувале на прифаќање на тенденциите за што побрзо вклучување на автомобилизмот и мотоциклизмот во севкупниот стопански развој на државата, а најмногу во областа на туризмот и брзата модернизација која била во мошне незавидна состојба.

Со него претседавал Душан Пекиќ, кој како претседател бил активен меѓу 1949-1951 година, а прв секретар Коста Нечевски, кој бил волонтер и оваа должност ја вршел меѓу 1946-1949 година.

Како членови на првото претседателство се спомнуваат: Ѓоре Чкатов, Борис Панзов, Владо Атанасовски, Боро Новаковски, Михо Ивановски, Бранко Јовчевски и Јовче Серафимовски. Во овие првични периоди како претседатели се појавуваат уште и: Филип Брајковски (1952/54) година, Светозар Пеповски (1954/55), Атанас Трајковски-Левски (1956/69), а подоцна: Ванчо Цветковски (1970/74) година, Радослав Спасевски (1980/84), Ацо Ицев (1981/82), и повторно Димче Савевски (1982/85) и Ацо Ицев (1986/96), Јане Трпков (1998/01), Проф-Д-р Никола Панов (2001/04) и актуелен Проф. Д-р Спасе Јовковски (2004).

Овде е важно да се напомене дека Ванчо Цветковски бил единствениот претседател на АМСЈ, избран од Република Македонија, а оваа висока функција ја извршувал од 1974 до 1978 година.

Продолжува…

 

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping