ЗА ИСТОРИЈАТОТ НА СПОРТСКИОТ МОТОЦИКЛИЗАМ…

 

Историјата на спортскиот автомобилизам може да се каже дека започнала со појавата на првите четири спортски автомобили во Битола во 1918 година. Како еден од нивните први сопственици се забележани и прославените браќа Милтон Манаки и Јанаки Манаки. Сепак, првите организирани спортски натпреварувања во мотоциклизам започнале на 11 Окотмври 1946 година, во чест на Денот на вооруженото востание во Македонија. На него земале учевство 25 возачи. Притоа како негови иницијатори се појавуваат мотоциклистите: Јовче Серафимовски, Ѓоко Живковски, Ламбе Туфовски, Трајко Колишевски и Мето Илиевски. Оваа трка ја следеле 10 000 гледачи, што за тоа време била вистинска атракција и големо доживување. Стартот на трката бил на плоштадот „Маршал Тито“ а се возело по улиците: “Илинденска“, Ѓуро Ѓаковиќ“ и „Иво Лола Рибар“. Потоа слични вакви трки се одржувале во градовите: Битола, Прилеп, Тетово, Кавадарци и во Струмица. На 12.11 1952 година повторно во Скопје се одржува Првата меѓународна мотоциклистичка трка во која покрај возачите од нашата земја, земале учевство и натпреварувачи од сите поранешни републики на СФР Југославија, како и од Италија и Австрија. Притоа биле застапени мотоцилисти од: 125, 250, 350 и 500 ссм.

Веќе во 1955 година, а по многубројните трки одржани во Републикава, АМСМ го изврши првото официјално прогласување на надобрите спортисти во Македонија во авто-мото спортот, во кружните мото брзински трки, а тоа биле: Јовче Серафимовски, Ѓоко Живковски, Гламдзина Бериша, Санде Пејоски, Страхил лазаревски, Трајко Колишевски, Владо Данаиловски и Мето Алиевски. Овде би се додале уште и: Ацо Божиновски- Цико, Раде Мадиќ, Димче Глигоров, Ламбе Туфоски- Туфа, Перо-Контра, Круме- Боксерот, Ѓуро Велковски, а подоцна и: Ивица Грга, Бошко Бошале, Миче Трајковски, Виктор Вешовски- Вите, Драги Љубувчевиќ, Зоран Трајковски, Слободан Ивчевчевски, Сашо Николов – Тумац и други.

Кружните брзински трки, како подоцна во натпреварувачките успеси не го постигнаа нивото на другите, сепак заслужуваат да влезат во историјата на авто-мото спортот како натпревари со кои се занимавале само најхрабрите.

Во 1959 години биле одржани првите мото-крос натпревари во Скопје, Битола и во Штип, додека во Катланово и првата ридска трка. Инаку, мото-крос натпреварите, како републички и меѓурепублички спортски манифестации почнале да се организираат во 1962 година кај Зајчев рид, во непосредна близина на Скопје, кога е одржана и првата мото-крос трка во Македонија. Сепак овој спорт подоцна доживува повеќегодишен застој, а обновен е во 1978 година. Тогаш на патеката на Водно, прв шампион стана Ботју Харалампиев пред Орце Иванов и Васил Николовски.

Ваква трка почнала да функицонира и кај селото Ракотинци, во непосредна близина на Скопје. Републичките пак крос натпревари се одржувале кај Братин Дол близу Битола, а оваа патека била атрактивна во 1973 година.

За историјатот на трките придонес даваат и брзинските мото трки наречени „Тиквешки Гроздобер“ кои во организација на АМСМ и АМД „Страшо Пинџур“ осум години по ред се одржуваат во Кавадарци и тоа во периодот меѓу 1968-1975 година, а во чест на почетокот на бербата на грозјето што претставува стратегиските национални производи на земјава.

 

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping