Во 1945 година со одлуката на Владата било формирано претпријатието „ДОКУП“ во кое имало отсек за сообрќај, додека истата година била основана Генералната дирекција за сообраќај и ремонти на Македонија. Овде несомнено треба да се истакнат и првите авто-мото друштва кои почнале да се појавуваат и да соработуваат уште во далечната 1945 година. Во почетокот тие биле вонинституционални и имале волонтерски карактер, а веќе следната 1946 година се институционализирале. Така, до крајот на оваа година во Македонија веќе функционирале девет вакви друштва и неколку секции кои имале вкупно 2135 членови.

Тоа се всушност и првите почетоци на функционирање на АМСМ, кој уште тогаш се покажал како еден од најмасовните и најкомпетентните организации кои се занимавале со сообрќајна дејност, односно автомобилизмот. Сепак првата школа за обука за возачи на моторни возила е основана во селото Раброво кај Валандово во 1945 година. Била организирана од страна на Министерството за локален сообраќај, а во неа се обучувале првите возачи за тешки моторни возила кои во Македонија биле задржани врз основа на репарациите во Втората светска војна.
Големо влијание врз развојот на автомобилизмот одиграле и организирание занаетчиски работилници за поправка и одржување на возила. Така во 1948 година горенаведеното Министерство, по извршувањето на првите технички прегледи, формално и четири авторемонтни работилници и тоа во: Скопје, Битола, Штип и во Велес, од кои некои од нив биле специјализирани само за одреден тип на возила. Сепак првата генерална дирекција за сообраќај за ремонти во Македонија била формирала во 1945 година. Во јуни истата година е основано и првото федерално автомобилско претпријатие „ФАП“ чие седиште се наоѓало во Скопје, а свои подружници имало во: Битола, Кочани, Куманово, Охрид, Прилеп, Раброво, Струмица, Тетово, Велес и во Штип. Овде би го споменале и првото претпријатие за јавен превоз кое е формирано во Кочани во 1946 година, кое располагало со 5 камиони со вкупна носивост од 10 тони. Подоцна, во 1947 година со решение на Владата на Македонија претпријатијата за јавен автопревоз и шпедиција биле формирани уште во градовите: Куманово, Битола, Штип, Охрид, Струмица. Претпријатието, пак за локален сообраќај во Куманово располагало со 10 автобуси од типот „Бетфорд“ и 20 камиони од типовите „Џемс“, „Шевролет“ и „Доџ“.

Треба да се обележи и постоењето на првите бензиски пумпи кои биле на претпријатието „Шел“. Тие биле отворени во 1936 година и тоа во градовите: Скопје, Битола, Прилеп, Тетово, Штип, Кочани, Струмица, Велес и Гостивар и продавале исклучиво рафиниран бензин.
Денес во Македонија како најголемо претпријатие за дистрибуција на сите видови горива се јавува „Макпетрол“ чија мрежа на продажни места ја покрива цела Македонија. Располага со вкупо 120 бензиски од кои 30 се во главниот град Скопје. Овде секако треба да се споменат и „Окта“, „Лукоил“ итн.
Веќе од 1947 година почнува иницијативата за регистрација на моторни возила. Така што народниот одбор на општината Битола издал објава со која се повикале сите сопственици на моторни возила (автомобили, моторцикли, автобуси, камиони и приколки) по демобилизацијата да извршат регистрација на своите возила.
Следната година на 8 ми јуни истото се случува и со возилата во Скопје, додека првите службени регистрации почнале да се изведуваат две години подоцна во 1950 година.
Денес за оваа работа се грижат специјализирани установи кои располагаат со најсофистицирана опрема за изведување на најсовремени технички прегледи на сите типови возила, како што е во случајот АМСМ, а покрај што ја вршат оваа услуга имаат и други видови на услуги кои имаат директна поврзаност со оваа дејност.