Со издавање на 100-тиот јунски број, членското списание „АМСМ Клуб Мобилити“ го прослави своето 10. годишно постоење.

„АМСМ Клуб Мобилити“ се издава во 4 печатени и 6 електронски верзии во текот на годината, кои се доставуваат на домашна и електронска адреса на секој АМСМ член.

Списанието обработува теми од сообраќајот, авто-мото спортот и новости од областа на автомобилизмот, а препознатливо е по објавување на ексклузивни совети и тестови од доменот на безбедноста во сообраќајот, како што се тестовите на детски седишта, тестови на летни и зимски гуми, тестови на кациги за велосипедисти и моторциклисти, тестови на безбедносни ремени… кои ги изведуваат странските авто-мото туринг клубови, членки на FIA.

Фотографиите од одбележувањето на 10. годишниот јубилеј на АМСМ Клуб Мобилити можете да ги видите тука.

 

Датум на одржување: 27.06.2017год

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping