БЕСПЛАТНО ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ

02/05/2023

Европа Премиум членската картичка е гаранција за безгрижно патување надвор од државата. Како наши Европа Премиум членови, не само што добивате бесплатна помош на пат во земјава и каде било надвор од неа, туку добивате и бесплатно патничко осигурување.

Патничкото осигурување кое го добивате со Европа Премиум членската картичка се однесува само на носителот на членската картичка, индивидуално. Вклучува покритие од 20 дена кои можете да ги користите кумулирано во текот на една година, 365 дена, или во периодот наведен во полисата за осигурување. Патничкото осигурување важи на територијата на цела Европа, вклучувајќи ја и Турција.

Патничкото осигурување кое го добивате бесплатно со Европа Премиум членската картичка е без франшиза.

За изработка на полисата за здравствено патничко осигурување потребен е валиден пасош. Полисата ќе ви биде доставена следниот ден електронски на вашата мејл адреса.

Во случај да станете АМСМ Европа Премиум член онлајн, дополнително ќе бидете контактирани од АМСМ Секторот Членство за изработка на здравствено патничкото осигурување.

Повеќе информации на: 02/3181-108

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping