БЕСПЛАТНА ПОМОШ НА ПАТ ЗА ГРАДСКИ ВЕЛОСИПЕДИСТИ

16/05/2022

На големо задоволство на сите вљубеници во градскиот велосипедизам, понудата на АМСМ членските картички, ја прошируваме и збогатуваме за уште една, поеднакво вредна АМСМ ВЕЛО членска картичка.

АМСМ ВЕЛО членската картичка е наменета за физички лица за кои велосипедот е омилено превозно средство, а ги вклучува следните услуги:

  • Бесплатен мобилен сервис и помош на пат во случај на дефект до 21 часот (1 интервенција)

– Промена на гума и носење на резервна внатрешна гума, (со исклучок на тубелес гума)

– Поправка на скинат ланец

– Замена на скршена педала (газиште)

– Штелување -подесување на брзини

– Престегнување на волан

– Престегнување на седиште

– Промена на сајла за кочници

– Промена на сајла за брзини

*Во случај на замена на резервен дел, трошокот за резервниот дел е на товар на корисникот.

  • Бесплатен пренос на велосипед  24/7 (1 интервенција)
  • Превземање на велосипед и пренос до одредена локација во земјава по повластена членска цена (неограничено)
  • 20% попуст при сервисирање на велосипед во АМСМ
  • АМСМ Партнер програма за попусти во Македонија
  • Членско списание Клуб Мобилити (електронско издание)

Услугите за бесплатен мобилен сервис, помош на пат и пренос на велосипед се достапни за користење на територијата на град Скопје, до 20км на градско подрачје, во двата правци, со повикување на телефонскиот број 196.

АМСМ ВЕЛО членската картичка чини 600 денари, а важи една година од датумот на издавање. Сите услуги и услови за користење можете да ги прочитате тука.

Извадете АМСМ ВЕЛО членска картичка онлајн тука.

 

Повеќе информации 02/3181-108

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

Click outside to hide the compare bar
Спореди
Споредба ×
Спореди Continue shopping